16 Декември, 2025
0.0809

Ѓорѓиев: Mакедонскиот глас нека се слушне и до Софија, но македонскиот народ нема да дозволи да се асимилира

Објавено во: Македонија 11 Јули, 2022 20:48

Добивај вести на Viber

Ако треба македонскиот глас нека се слушне и до Софија, но македонскиот народ нема да дозволи да се асимилираат македонските граѓани, изјави вечерва на протестот пред Собранието, Филип Ѓорѓиев. 

Вели дека е за Европска Унија(ЕУ), но таму да влеземе како Македонци, а не како асимилирани Бугари или било што друго. 

„Ние младите ќе им порачаме и на домашните предавници, злонамерници и трговци на нашите човекови права и слободи кои лесно виткаат кичма дека Македонија е на Македонците и на сите народи во неа кои ја сакаат и ја чувствуваат како своја земја“, потенцира Ѓорѓиев.

Тој ги повика сите млади кои се уште се колебаат да го искажат својот револт, да се придружат на протестите затоа што Македонија се брани со акција и со дела. 

Веќе осум дена има протести. Секој ден во 19 часот протестите продолжуваат, а водителот Димитар Атанасовски ги повика и граѓаните од другите градови да протестираат и да покажат дека не се согласуваат со францускиот предлог. 

foto printskrin

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот

Скопјанец пријавил дека син му е исчезнат

Скопјанец пријавил дека син му е исчезнат

(ФОТО+ВИДЕО) Скопје блесна во новогодишно руво

(ФОТО+ВИДЕО) Скопје блесна во новогодишно руво

Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги

Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги

Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку

Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години

Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години

Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст

Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење