13 Мај, 2024
0.0186

Ѓорческа продолжува со подемот на ВТА листата

Објавено во: Спорт 03 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа и покрај тоа што немаше настап на турнир оваа недела напредуваше едно место на ВТА листата и сега се наоѓа на 209­то место со 249 поени.

Во конкуренција на двојки таа е на 146 место без промена на пласманот.

Втората македонска тенисерка која има ранг на ВТА листата, Магдалена Стоилковска во сингл има исто така скок напредок за едно место. 

Сега таа е на 1.154­та позиција со пет поени, додека во двојки е на 1.063­то место со 12 поени што претставува пад за три позиции во однос на минатонеделното рангирање.