05 Мај, 2024
0.0196

Ѓоковиќ ќе може да игра во Мелбурн: Властите во Австралија ја укинаа забраната

Објавено во: Спорт 15 Ноември, 2022

Добивај вести на Viber

Да потсетиме, тој доби три години суспензија откако беше депортиран од минатогодишниот Австралија опен

Новак Ѓоковиќ ќе може да игра на Австралија опен, бидејќи австралиските власти ја укинале неговата тригодишна забрана, пишува The Age.

Ѓоковиќ на тој начин ќе може да се бори за десеттата титула во кариерата во Мелбурн, неговиот омилен Грен слем. Да потсетиме, тој доби три години суспензија откако беше депортиран од минатогодишниот Австралија опен.

Српскиот тенисер не бил вакциниран, по што бил спречен да ја одбрани титулата во Мелбурн, а потоа бил измачуван пред да се врати во Србија.

По доаѓањето на новата влада во Австралија, забраната на Ѓоковиќ е укината.


Фото: Youtube