ГИ ЗНАЕ СИТЕ МАРКИ НА ПУШКИ И ПИШТОЛИ: Eве што откриваат истражителите за Коста кој изврши масакр
Објавено во: Балкан 26 Јуни, 2023 16:31
Момчето убиец од Белград користи терминологија невообичаена за дете на негова возраст, тврдат истражителите.
Коста Кецмановиќ на 3 мај во своето училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, уби 9 свои соученици и чуварот. Детето кое има 13 години е во психијатриска болница.
„Кога зборува за оружје, тој ги користи зборовите калибар, ги знае речиси сите марки пиштоли и пушки и каков калибар се, која муниција оди со кое огнено оружје. Исто така, вели, „самиот се разоружав’, а не ‘го спуштив пиштолот долу’, што би било соодветно за дете или дури и за аматер. Наместо да каже ‘пукав’, тој вели ‘отворив оган’. Според изворот, кога слушнал дека неговиот татко е уапсен, момчето рекло ‘се надевам дека добро ќе постапуваат со него’. Го изговори зборот дело, кој најчесто го користат луѓе кои работат во затвори, инспектори или полицајци. Ретко кој ја користи оваа терминологија во секојдневниот говор, а децата практично не знаат што значи тоа“, пишува порталот Mondo.rs, повикувајќи се на извор запознаен со истрагата.
Органите во Србија ќе ја гонат и доколку се докаже дека мајката ги занемарила своите обврски како родител, ќе добие затворска казна до 3 години.
Можеби ќе ве интересира
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството
(ВИДЕО) Вучиќ добил порака од Москва - како реагираше Фон дер Лајен?
ПАДНА ВЛАДАТА НА РОСЕН ЖЕЛЈАСКОВ: По масовните протести, бугарската влада си поднесе оставка
Вучиќ ќе се враќа на премиерското столче? „Немам намера да менувам Устав, но...“




