14 Декември, 2025
0.0669

ГИ ЗАКОПАЛ ВО ДВОРОТ: Босански лекар ги користел коските на жртвите од војната во БиХ за плански операции

Објавено во: Балкан 27 Септември, 2023 20:25

Добивај вести на Viber

Ортопед ги користел коските на жртвите од војната во БиХ за плански операции и ги закопал во дворот.

Во дворот на ортопедот Небојша Мраовиќ се пронајдени посмртните останки на жртва на војната во Босна и Херцеговина, а тој признал дека ги закопал коските и дека претходно ги користел за планирање операции, пренесе Радио Слободна Европа.

Мраовиќ со години имал приватна ортопедска клиника во Брчко.

Ексхумацијата на коските е извршена на 21 септември под надзор на Обвинителството на Босна и Херцеговина по наредба на Судот на Босна и Херцеговина, а сведокот што ја откри локацијата на закопаните тврди дека тоа била жртва на геноцидот во Сребреница од 1995 година и дека коските биле донесени во Брчко две години по војната.

Во кус телефонски разговор за РСЕ, Мраовиќ рекол дека не гледа ништо спорно во целиот случај наведувајќи дека коските биле користени за „плански операции“.

„Ги користев во болница, ги користев за планирање операции, беа корисни за стотици луѓе“, изјавил Мраовиќ ,без да објасни како ги користел.

Од Институтот за исчезнати лица на Босна и Херцеговина потврдија дека се работи за нецелосни останки на едно лице и прв регистриран случај на намерно криење на останките на жртва во сопствениот двор.

Портпаролката на Институтот „Емза Фазлиќ“ изјавила дека посмртните останки наводно биле донесени во Брчко во 1997 година, Мраовиќ ги закопал во својот двор во 2012 година, а потоа ги преселиле.

Таа посочила дека доколку немало сведоци што ја посочиле точната локација на посмртните останки, тие веројатно никогаш немало да бидат пронајдени.

„Посмртните останки веднаш се пренесени во Комеморативниот центар во Тузла, каде што ќе се изврши обдукција, односно судско-медицинска, криминалистичка обработка, а примероци од коски ќе бидат извадени и испратени на ДНК-анализа“, објасни Фазлиќ.

Поранешниот член на управниот одбор на Институтот за исчезнати лица на Босна и Херцеговина, Амар Машовиќ, рече дека е згрозен и дека за 30 години потрага по исчезнатите, никогаш не наишол на таков случај.

„Претпоставката е дека станува збор за жртва на геноцид, но како и да е, дека воопшто не е жртва на војна, ме ужасува фактот што човек кој положил Хипократова заклетва се однесува со човечко суштество на таков начин, без разлика на фактот дека тоа битие веќе не е живо“, изјави Машовиќ.

Од Институтот велат дека Мраовиќ не е во Босна и Херцеговина.

Во БиХ моментно се трага по 7.597 исчезнати лица, од кои 1.200 се само во Сребреница.

Можеби ќе ве интересира

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

(ВИДЕО) Вучиќ добил порака од Москва - како реагираше Фон дер Лајен?

(ВИДЕО) Вучиќ добил порака од Москва - како реагираше Фон дер Лајен?