14 Декември, 2025
0.0446

Ги прашавме сточарите за колку ќе го поскапат сирењето

Објавено во: Економија, Агробизнис 22 Август, 2023 07:30

Добивај вести на Viber

Дел од сточарите веќе информираа преку медиумите дека наскоро ќе поскапе сирењето, затоа што тоа се прави без додатоци, нема работници,  но не е за занемарување и фактот дека и сточарството трпи одредени штети поради климатските промени.

Ги прашавме сточарите дали веќе го поскапеле сирењето, ако не се, кога тоа ќе се случи и колку ќе изнесува цената. Производители на сирење од Малешевијата велат дека секој ќе си одлучи по која цена ќе го продава сирењето, но тие размислуваат дали нагло зголемување на цената може да ја намали пробарувачката.

„Секој си знае за себе, за колку пари се исплати да го продава сирењето. Јас ако го покачам, тоа ќе биде во октомври или ноември и тоа за 50 денари по килограм, а сега цената е 500 денари за килограм. Од тоа живееме. Овде во Берово нема некој избор за работа, луѓето или ќе работат со сточарство или ќе заминат во странство“, вели беровчанец.

Друг беровчанец веќе ги продал залихите со сирење и планира идната година да ја зголеми цената.

„Сега цената е 550 денари за килограм. Ќе видиме колку ќе зголемиме, засега не знам точно. Јас имам редовни муштерии, си бараат квалитет и за цената не верувам дека ќе прават проблеми, за другите сточари не знам“, вели Трајче од овој крај.

Ги прашавме за мислење и сточарите од западниот дел на државата дали ќе го поскапат сирењето.

„Јас овците ги продадов, затоа што еден човек не може да се грижи за 150 грла, а овчари тешко се наоѓаат, но како што зборуваат сточарите, сирењето ќе поскапи, а колку ќе биде тоа би требало да се договорат меѓу себе“, рече Садо Мустафовски од Жупа.

Ѓоко Китановски од селото Гари вели дека наскоро сирењето ќе има нова цена.

„Сигурно ќе поскапи, затоа што сè поскапе. По 15 септември веќе нема да има овчо сирење под 600 денари за килограм. Мене најголем дел од купувачите ми се од Скопје“, додава Китановски.

Сточарите од Брегалничкиот регион најавија поскапување на сирењето за 30 отсто, односно од сегашните 500 денари ќе оди и до 700 денари. Како што велат пред пет години во најголемиот сточарски регион во Источна Македонија, Малешевијата, имало 16.000 овци. Сега, како што објаснуваат нивниот број е преполовен и изнесува над 8.000 овци. Податоците покажуваат дека низ годините македонските семејства во просек годишно консумирале нешто над 21 па до 40-тина килограми сирење. 

Сања Атанасовска

foto freepik.com/pch.vector

Можеби ќе ве интересира

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји