„ГИ ОПОМЕНАЛА БРЕ, НЕ МИ СЕ ВЕРУВА“ - Најчевска со жестока реакција откако Грковска се огласи за функционери на ДУИ
Објавено во: Македонија 20 Март, 2023 20:02
Професорката Мирјана Најчевска на својот фејсбук профил со силна критика за самата министерка за борба против корупцијата Славица Грковска. Тоа следува откако Грковска денеска изјави дека изрекла опомени за функционерите на ДУИ за користењето службени возила.
„Ги опоменала бре. Не ми се верува. За прекршување на Изборниот и Кривичниот законик следи опомена ако си функционер од редовите на ДУИ. Е навистина забегавте“, пишува Најчевска на својот фејсбук профил.
Ова следува откако вицепремиерката за борба против корупцијата Славица Грковска соопшти дека изрекла опомени за вицепремиерот и министер за политички систем Артан Груби, но и за шефот на дипломатијата Бујар Османи и пранешниот министр за животна средина Насер Нуредини, поради користење службени возила за партиски цели, врз основа на документација од Антикорупциска. Освен за овој случај, за играњето фудбал во просториите на министерството за политички систем со кое раговоди Груби, Грковска рече дека не е начин на кој функционерите треба да се однесуваат туку да имаат повеќе сензибилитет каква слика оставаат пред граѓаните.
„Морам да признам дека тоа не беше добро прифатено од јавноста. Не сметам дека тоа е начин на кој што функционерите би требало да се однесуваат. Сметам дека треба да се има малку повеќе сензибилитет за тоа како функционерите треба да се однесуваат и каква слика даваат пред граѓаните“, рече Грковска.
Можеби ќе ве интересира
Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија
СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро
ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца
Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија
Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено
Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот
Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина




