ГИ НАДМИНА СИТЕ ДРУГИ: Oва е најмоќниот пасош на светот
Објавено во: Свет 25 Октомври, 2017 10:24
„Најмоќен“ во светот, според Глобалниот индекс за пасоши е сингапурскиот пасош.
Оваа информација денеска ја објави глобалната консултантска фирма „Артон Капитал“.
Сингапурскиот пасош е на врвот на листата со безвизен резултат за 159 земји, а по него е германскиот пасош со 158 и шведскиот пасош со 157 земји за кои не требаат визи.
На листата доминираат европските пасоши, при што Германија е на врвот во последните две години.
Парагвај ги укина визите за сопствениците на пасоши од Сингапур, по што оваа азиска земја годинава дојде на врвот на листата.
„За првпат една азиска земја има најмоќен пасош во светот. Тоа е доказ за инклузивните дипломатски односи на Сингапур и ефективната надворешна политика“ - изјави директорот на „Артон Капитал“, Филип Меј.
Рангирањето е врз база на „безвизен резултат“, кој го прикажува бројот на земји во кои лице со одреден пасош може да патува без виза или виза при пристигнувањето.Со македонски пасош може да се патува во 108 земји во светот, што ја рангира нашата земја на 42 место во светот.
Во друго рангирање оваа година и шведскиот пасош беше прогласен за најмоќен.
Според извештај на консултанската компанија „Nomad Capitalist“, шведскиот пасош е најмоќен во светот. Ова беше објавено во март годинава.
Можеби ќе ве интересира
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја
Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт
ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела




