30 Април, 2024
0.0290

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

Објавено во: Македонија 18 Април, 2024

Добивај вести на Viber

БИМ Свети Николе е успешна компанија која води грижа за своите акционери, од кои најголем дел се сограѓани. Компанијата има континуирана дивиденда политика и дели дивиденда неколку години наназад. Веројатно затоа е и тешко да се дојде до таа акција, која многу ретко се тргува на Официјалниот пазар на Македонската берза за хартии од вредност

Силната светиниколска компанија за изработка на градежни материјали од битумен и годинава ги израдува своите сограѓани и воопшто сите акционери. На претстојното акционерско собрание на таа компанија (закажано за идниот месец н.з.) меѓу другото на дневен ред ќе се најде и дивидендата за сите акционери.

Таа компанија има претежно локални акционери и тоа од Свети Николе. Најголем дел од планираната дивиденда во нето вредност од 283.000 евра ќе завршат кај акционерите кои воедно се и жители на Свети Николе. Дел од нив се вработени, а има и поранешни враотени кои се акционери во таа успешна компанија.

Компанијата има вкупно 99 акционери. Од нив 98 се домашни физички лица. Еден акционер е правно лице, а тоа е токму БИМ Свети Николе. Во сопствен откуп компанијата чува 4,8 отсто од акциите и тие немаат право на дивиденда.

Тоа значи дека 98 домашни физички лица ќе поделат нето износ од 282.820 евра. Бруто дивидендата изнесува 314.240 евра. Од тоа 31.420 евра се данок на доход што ќе го наплати УЈП и се пари за централниот буџет.

Најголем поединечен акционер е долгодишниот директор на БИМ, Стојанче Стојанов кој поседува 53,36 отсто од акциите со право на глас. Врз основа на тоа го следува дивиденда од 162.600 евра. Стојанов е актуелен претседател на Одборот на директори на БИМ, а извршен директор на компанијата е Слободан Ивановски.

Според предлог одлуката најголем дел од добивката на компанијата за 2023 година односно над 314.000 евра е наменета за поделба во дивиденда за акционерите. Како нераспределена добивка за во идна употреба ќе останат 251.000 евра. Во инвестиции компанијата ќе вложи над 141.000 евра од добивката остварена лани.

Главна дејност на БИМ АД Свети Николе е производство на материјали за хидроизолација на база битумен. БИМ АД Свети Николе е единствен производител на битуменски хидроизолациони материјали во Македонија. 

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Панче Тошковски вели дека Палевски ќе биде екстрадиран во најкраток рок

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Панче Тошковски вели дека Палевски ќе биде екстрадиран во најкраток рок

AНТОНИО МИЛОШОСКИ: Супер е шишање кај бербер со слична фризура

AНТОНИО МИЛОШОСКИ: Супер е шишање кај бербер со слична фризура

ПЕНДАРОВСКИ: Бројот еден е гаранција дека државата ќе продолжи по правилниот курс кон ЕУ

ПЕНДАРОВСКИ: Бројот еден е гаранција дека државата ќе продолжи по правилниот курс кон ЕУ

ТОШКОВСКИ: Во најкраток рок ќе биде екстрадиран Љупчо Палевски

ТОШКОВСКИ: Во најкраток рок ќе биде екстрадиран Љупчо Палевски

ЗАВРШЕНИ СЕ ПОТРЕБНИТЕ ПРОЦЕДУРИ: Полицијата веќе почна со организацијата на екстрадицијата на Палевски

ЗАВРШЕНИ СЕ ПОТРЕБНИТЕ ПРОЦЕДУРИ: Полицијата веќе почна со организацијата на екстрадицијата на Палевски

ПЕНДАРОВСКИ: Kaко Силјановска Давкова ги обезбедила тие информации дека во ДУИ има поделба?

ПЕНДАРОВСКИ: Kaко Силјановска Давкова ги обезбедила тие информации дека во ДУИ има поделба?

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Јавна тајна е дека внатре во ДУИ има две струи, едните за, едните против

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Јавна тајна е дека внатре во ДУИ има две струи, едните за, едните против

СЕ „ЕВАКУИРА“ СКОПЈЕ: Луѓето се упатија кон Грција

СЕ „ЕВАКУИРА“ СКОПЈЕ: Луѓето се упатија кон Грција

ДУИ ДО МИЦКОСКИ: Вокабуларот е агенда на Москва и Путин кои сакаат да ја дестабилизираат Македонија

ДУИ ДО МИЦКОСКИ: Вокабуларот е агенда на Москва и Путин кои сакаат да ја дестабилизираат Македонија