13 Мај, 2024
0.0301

ГЕРМАНСКИ ВЕСНИЦИ: ВМРО-ДПМНЕ се обидела да го спречи обезбедувањето на двотретинското мнозинство

Објавено во: Македонија 22 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

Германскиот весник „Ханделсблат“ во текстот „Да за промена на името е пораз за нацонализмот на Балканот“ пишува дека поради „да“ за промена на името во Северна Македонија во Парламентот, Христијан Мицкоски од опозициската ВМРО-ДПМНЕ беше мошне разгневен.

Чекор во насока кон ЕУ и НАТО, а против национализмот,  е оценка на дел од германските медиуми за случувањата во Македонија. 

Весникот пишува дека ВМРО-ДПМНЕ до последен момент со сите средства се обидела да го спречи обезбедувањето на двотретинското мнозинство за преименување на поранешната југословенска република, како и дека Мицкоски „очигледно не забележал дека со ултранационализмот се изолирал самиот себе си“.

„Тешкиот случај на Македонија покажува: некој пат може да потрае мошне долго додека не созрее сознанието дека нема вистинска алтернатива за Европа. Бидејќи големите сили Русија и Кина немаат реално што многу да им понудат на балканските земји. Русија во Југоисточна Еврпа има стратешки интереси“, пишува весникот. 

Се додава дека Кина на регионот гледа само како на транспортна рута за својата стока на Новиот пат на свилата кон Западна Европа, како и дека Пекинг не е сериозно заинтересиран за одржлив развој на сиромашните балкански земји, што им станува се појано на владите од Белград, преку Тирана, до Скопје.

Весникот „Зидојче зајтунг“ пишува дека во политиката е потребен јасен компас, но понекогаш „иглата се заканува дека ќе побудали“.

Ако Македонија стане Северна Македонија, додава весникот, патот до членство во НАТО и ЕУ ќе биде отворен.

Можеби ќе ве интересира

ШПАНСКИ ТУРИСТИ И БЛОГЕРИ ЈА ИСТРАЖУВААТ МАКЕДОНИЈА - ќе стане ли атрактивна за тамошните жители?

ШПАНСКИ ТУРИСТИ И БЛОГЕРИ ЈА ИСТРАЖУВААТ МАКЕДОНИЈА - ќе стане ли атрактивна за тамошните жители?

СЕ ЗАБИЛ ВО БАНДЕРА ПО НЕУСПЕШНО ФИЛМСКО БЕГСТВО ОД ПОЛИЦИЈАТА - скопјанец не сакал да доиздржи казна затвор

СЕ ЗАБИЛ ВО БАНДЕРА ПО НЕУСПЕШНО ФИЛМСКО БЕГСТВО ОД ПОЛИЦИЈАТА - скопјанец не сакал да доиздржи казна затвор

„Добро е што новата Претседателка ја потпиша заклетвата со уставното име“ - еве што велат од Вреди за заклетвата на Силјанова - Давкова

„Добро е што новата Претседателка ја потпиша заклетвата со уставното име“ - еве што велат од Вреди за заклетвата на Силјанова - Давкова

Спасени две лица коишто со „квадрицикл“ излетале во провалија на Шар Планина

Спасени две лица коишто со „квадрицикл“ излетале во провалија на Шар Планина

„Скапо го плативме патриотизмот“, се огласи лидерот на СИРИЗА, предлага новото раководство да се вразуми и да размисли за иднината на народот

„Скапо го плативме патриотизмот“, се огласи лидерот на СИРИЗА, предлага новото раководство да се вразуми и да размисли за иднината на народот

УШТЕ ЕДЕН ИНЦИДЕНТ СО ВРСНИЧКО НАСИЛСТВО - две девојки ја тепале други две снимале

УШТЕ ЕДЕН ИНЦИДЕНТ СО ВРСНИЧКО НАСИЛСТВО - две девојки ја тепале други две снимале

ПОДДРШКА ЗА СИЛЈАНОВСКА-ДАВКОВА?! - има некои многу познати имиња, кој се стои позади неа

ПОДДРШКА ЗА СИЛЈАНОВСКА-ДАВКОВА?! - има некои многу познати имиња, кој се стои позади неа

„Европскиот тек на земјата зависи од употребата на уставното име на земјата“: реакција од грчкото МНР

„Европскиот тек на земјата зависи од употребата на уставното име на земјата“: реакција од грчкото МНР

„Со првата нејзина реченица создаде криза меѓу Македонија и Грција“: Адеми со бројни критики за говорот на претседателката

„Со првата нејзина реченица создаде криза меѓу Македонија и Грција“: Адеми со бројни критики за говорот на претседателката