ГЕРМАНСКИ ГРАД БАРА НОВИ ЖИТЕЛИ: Нуди 14 дена бесплатен престој, сместување и можности за работа
Објавено во: Свет 05 Јуни, 2025 18:15
Градот Ајзенхутенштат, којшто се наоѓа на границата со Полска, нуди 14 дена бесплатен престој, сместување и можности за работа, со цел да привлече нови жители и да ја обнови заедницата, пренесува „Н-1“. Апликациите се отворени до почетокот на јули.
Избраните кандидати ќе живеат во опремен стан од 6 до 20 септември како дел од „иновативниот проект за имиграција“ насловен „Направи план сега“, додава Градскиот совет.
За да им помогне на кандидатите „да го почувствуваат“ градот, советот ќе понуди низа активности, вклучувајќи патувања и излети. Властите ќе ги охрабрат кандидатите да останат трајно во градот со околните компании коишто нудат поволни можности за интервју, стажирање и работа.
„Проектот е наменет за сите заинтересирани да се преселат во Ајзенхутенштат – како што се патници, луѓе заинтересирани да се вратат во градот, квалификувани работници или самовработени луѓе кои бараат промена на живеалиштето. Тие ќе имаат можност да го запознаат животот, работењето и заедницата (на Ајзенхутенштад) за време на 14-дневен пробен престој – бесплатно и во центарот на градот“, соопштија властите.
Ајзенхутенштат ја има најголемата интегрирана фабрика за челик во источна Германија, којашто вработува 2.500 луѓе, а исто така е центар за обработка на метали.
foto eisenhuettenstadt.de
Можеби ќе ве интересира
Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин
ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица
ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат
(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени
(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса
Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму
Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела
(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала




