Германија сака да и ги подотвори вратите на Србија во ЕУ
Објавено во: Балкан 13 Април, 2017
Германија може да биде значаен сојузник за Србија и во наредниот период да и ги подотвори врати за влез во Европската Унија, но само доколку земјата навистина се посвети на политички реформи. Ова го посочи германскиот министер за надворешни работи Габриел при средбата со новоизбраниот српски претседател Вучиќ/
Габриел изјави дека балканските земји можат да пристапат во ЕУ само ако го избегнуваат патот на "поделба и стагнација" и "избираат реформи и напредок." Србија досега јавно се залагаше за членство во ЕУ, но не по секоја цена, односно не се прифатливи било какви наметнувања од Брисел кога е во прашање Косово.