Германија предупредува: ИД обучува терористи кои се преправаат како бегалци
Објавено во: Свет 13 Ноември, 2016
Германската федерална разузнавачка служба (БНД) предупредува дека борци на терористичката група „Исламска држава" продолжуваат да се обучуваат како да се преправаат налик набегалци, за да стигнат во Европа.
Во статија во весникот „Билд ам Зонтаг" по повод годишнината од нападите во Париз БНД истакнува дека борците на „Исламска држава“ се учат да се прикриваат меѓу мноштвото бегалци и потоа да не привлекуваат внимание.
Екстремистите учат како да се однесуваат при паѓање во рацете на полицијата, како и постапки при поднесување на барање за азил.
Федералната разузнавачка служба утврдила дека деветте терористикои ги извршиле нападите во Париз на 13 ноември 2015 година пристигнале во Европа токму како бегалци.
Последните податоци на германските специјални служби добиени од електронски уреди, сопственост на бомбашите Наџи Лашрауи и Брахим Бакрауи, кои извршиле напад во Брисел на 22 март оваа година, покажуваат дека пред една година би требало да биде извршен напад не само во Франција, туку и во Холандија.