Германија ќе ја држи отворена вратата за членство на Западен Балкан во ЕУ
Објавено во: Балкан 14 Април, 2017
Во рамките на првата балканска турнеја министерот за надворешни работи на Германија ја истакна континуираната поддршка на Берлин за европскиот пат на земјите од регионот, пишува националниот дневен весник „Die Frankfurter Allgemeine Zeitung“.
„Сојузна Република Германија продолжува да се држи до зборот дека ќе ја држи отворена вратата за сите земји од Западен Балкан“, увери Зигмар Габриел во рамките на посетата на Косово.
По средбата со косовскиот премиер Иса Мустафа Габриел покажа разбирање дека за многумина во земјата приближувањето кон Европската унија станува премногу бавно. За да не ја губат својата вера, условите за живот во Косово треба да се подобри преку инфраструктурни проекти.
„Во периодот до членството можеме да направиме многу повеќе. Тоа ќе чини ја пари Европа. Но, искрено, тоа е релативно поевтино за разлика од сметката која ние треба да ја платиме ако старите конфликти не згазат повторно“, категоричен беше германскиот министер.
Косово е втората станица на првиот дипломат на Берлин во балканската турнеја. Во Приштина, тој пристигна по посетата на Србија. Посетата ќе заврши во Албанија, потсетуваат од редакцијата.