ГЕРМАНИЈА ЌЕ ГРАДИ 400.000 НОВИ СТАНОВИ ГОДИШНО, 100.000 ЌЕ БИДАТ СОЦИЈАЛНИ: Владата инвестира 45 милијарди евра
Објавено во: Економија 26 Септември, 2023 12:53
Германската влада најави дека ќе одвои 45 милијарди евра за
изградба на станови., додека до
2027 година, пак и градот
Берлин ќе стави на располагање 18 милијарди евра за полесен пристап достанови.
Остатокот ќе го финансираат
германските сојузни покраини и општини, пренесува Ројтерс.
Инаку, планот е да се градат 400.000 нови недвижнини годишно, иако на Германија и недостигаат дури 700.000 единици. Од наведениот број на планирани станови, 100.000 ќе бидат во секторот социјални станови.
„Федералната влада сега конечно препозна колку е сериозна ситуацијата на пазарот на домување“, изјави за Ројтерс шефот на Централната асоцијација на германската градежна индустрија, Феликс Паклеппа.
Во моментов, бројот на нови станови се движи од 200 до 230 илјади годишно.
Германската влада исто така ги одложи - на неодредено време - построгите стандарди поврзани со изолацијата на зградите, што беше главна желба на градежната индустрија, која тврди дека мерките се прескапи.
- Европската централна банка (ЕЦБ) е во право што ги зголеми каматните стапки, но нејзините потези ја забавуваат изградбата на станови - изјави германскиот канцелар Олаф Шолц и додаде:
„Треба значително да ги прошириме активностите поврзани со изградбата на станови. Потребни ни се подостапни станови.
Германската влада, исто така, ќе промовира пренамена на празни канцеларии и продавници во станови со 480 милиони евра во следните две години, што би можечо да се искористи за изградба на 235.000 нови станови, рече министерката за градежништво Клара Гејвиц,
„Со нашето ново финансирање, повеќе луѓе ќе можат да купат куќа, постоечка или нова“, рече таа.
ФОТО: Unsolash/Meg JensonМожеби ќе ве интересира
Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци
Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември
Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година
Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети
Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март
Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година




