19 Мај, 2024
0.0279

Германија е на чисто со Македонија, ќе ги убедува и другите за Датумот од ЕУ и Поканата од НАТО

Објавено во: Економија 02 Јуни, 2018

Добивај вести на Viber

Амбасадорот на Германија во Македонија, Томас Герберих, попладнево за „Фактор“ откри дека најбрзорастечката економија во Европа нема ниту една генерална забелешка за нашата земја и е на чисто со ставот дека нашата земја во периодот јуни/јули треба да добие Датум за преговори од ЕУ, кој би бил условен да се реши спорот со името со Грција до крајот на годината, и покана за членство во НАТО.

- Македонија создаде голем политички капитал и тоа Германија не може да не го цени. Затоа, што се однесува до Германија, Македонија може слободно да добие Датум за преговори од ЕУ и покана за членство во НАТО. Во тоа сме сто проценти сигурни - изјави Герберих за „Фактор“.

Тој наведе дека постои извесна доза на скептицизам кај одредени членки во евро-атлантските структури, но дека тие забелешки „се пеглааат“ со компромис.

- Познато  е дека Франција и Холандија  не се сигурни дека Македонија ги исполнува условите, но јас сум во постојан контакт со нивните дипломати, а пред две недели испратив и писма. Германија не само што  ќе ја подржи Македонија, туку ќе ги убедува и другите да ги отворат вратите. Ова се прашања за кои се наоѓа компромис во самата ЕУ - додаде дипломатот.

Герберих очекува уште поинтензивна економска соработка помеѓу Германија и Македонија.

- Германија уште сега има 200-тини наши сериозни инвеститори во Македонија а трговската размена е повеќе од три милијарди евра. Можете да замислите колку ќе се зголеми соработката кога Македонија ќе ги отвора поглавјата за влез во ЕУ и кога ќе му се придружите на НАТО-пактот - вели Герберих.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници