ГЕРМАНИЈА: Државјанство нема да добијат оние кои објавуваат „Од река до море, Палестина ќе биде слободна“
Објавено во: Свет 30 Септември, 2024 16:57
Германско државјанство нема да добијат оние кои објавуваат: „Од река до море“ или „Израел е убиец на деца“.
Поединците кои објавија слоган „Од река до море“ на социјалните мрежи нема да добијат германско државјанство, според одредбите на новиот закон за државјанство, како што е наведено од германскиот канал NDR (Северногерманска радио и телевизија) и федералната полиција оваа недела.
Лицата вработени во Германија можат да побараат државјанство по пет години, во споредба со осумте години што претходно ги бараше законот. Иако законот стапи на сила на 27 јуни оваа година, условите се заострени, особено кога станува збор за „расизам, антисемитизам или каква било друга форма на омраза кон луѓето, што ја исклучува можноста за натурализација“, според германскиот Сојузно министерство за внатрешни работи.
Еден од условите за државјанство, клаузула 10.1.1.1.3.1, се однесува на „посебната историска одговорност на Германија за нацистичката неправда и нејзините последици, особено за заштита на еврејскиот живот“.
Оваа клаузула диктира дека лицето кое ја прекршува законската обврска на Германија за заштита на Евреите не може да има право на државјанство.
Ова вклучува негирање на фактот или обемот на геноцидот на Евреите во Европа од страна на нацистичка Германија (холокаустот) и обвинување на Евреите или државата Израел за измислување или преувеличување на Холокаустот.
Вклучени беа и изјавите како „Од река до море, Палестина ќе биде слободна“, „Да го бомбардираме Тел Авив“, „Смрт за Израел“ и „Израел, убиецот на децата“.
Употребата на мапи на кои територијата на државата Израел е заменета со боите на палестинското знаме исто така се смета за кршење на законот.
Палестинската терористичка група Хамас, лани на 7 октомври го нападна Израел. Потоа Израел почна операција во Газа, а во многу градови во светот имаше пропалестински протести.
Можеби ќе ве интересира
Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин
ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица
ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат
(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени
(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса
Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму
Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела
(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала




