ГЕРМАНЦИТЕ ЌЕ ЗБЕСНАТ: Нема ништо од повисоките плати?
Објавено во: Финансии 16 Април, 2018
Германскиот министер за внатрешни работи, Хорст Зехофер вели дека ќе врши притисок во следната рунда преговори за повисоки плати да има разумни резултати.
За над 2 милиони работници во јавниот сектор се бараат повисоки плати.
Но, Зехофер го отфрли барањето на синдикатот Верди за зголемување од 6 проценти.
Разговорите за покачувањето на платите ќе продолжат утре, откако 150.000 работници минатата недела стапија во предупредувачки штрајк, со што илјадници патници беа блокирани на аеродромите.
Штрајкот се однесува и за вработените во болниците, центрите за грижа на деца и на депониите.