14 Декември, 2025
0.0391

ГЕРАСИМОВСКИ СО ИНИЦИЈАТИВА ЗА ОДЗЕМАЊЕ НА ИНГЕРЕНЦИИТЕ НА КОМУНАЛНА ХИГИЕНА: „Подготвуваме неколку ригорозни мерки до Комуналното претпријатие“

Објавено во: Македонија 02 Јуни, 2025 10:59

Добивај вести на Viber

Општина Центар и ова утро беше преплавено во смет откако ЈП „Комунална хигиена“ повторно беше на продолжен одмор. Градоначалникот Горан Герасимовски, во изјава за телевизија Телма информираше дека се подготвуваат одредени законски измени што ќе бидат доставени до министерства со цел преземање на ингеренциите од градот Скопје.

„Сето ова што се случува со нехигиената е недозволиво ниту за центарци, ниту за сите жители на Градот Скопје. Подготвуваме неколку ригорозни мерки до Комуналното претпријатие, па дури и кривични пријави за нивната негрижа, за неудостојувањето на нормални услови за живот на граѓаните. Како општина ќе направиме сѐ за сето ова го стопираме. Побаравме и превземање на ингеренциите од Комуналното претпријатија, беа и ние и останатите скопски општини, сами си го собираме сметот. Во моментов имавме неколку состаноци со нашата правна служба, се подготвуваат одредени законски измени што ќе ги доставиме до министерствата и повторно ќе побараме како општина и како општини да си ги превземеме ингеренциите и сами да си го чистиме сметот“, рече Герасимовски.

Герасимовски потенцира дека како жител, но и како татко чии деца секојдневно се по улиците и спортските терени нема да дозволи Центар да биде затрупан во смет.

„Комуналното претпријатие има одговорност и за поставување и за собирање на сметот од контејнери, но и сметот од сите булевари и зелени површини на територијата на општината и на градот. Џабе ние имаме најголем број на хигиеничари дури 110 чијашто грижа за нашите улички е на високо ниво, но нечистењето на сметот ни прави дополнителен проблем на општината, на хигиеничарите и жителите. Срамота е во 21 век говориме за хигиена и нечистење на контејнери и ширење на зараза. Крајно несериозно и недозволиво е јавното претпријатие несоодветно си ги извршува своите работи. Затоа како општина, како општини ќе побараме да си ги преземеме ингеренциите и да го подигнеме нивото на здрава животна средина на многу повисоко ниво“, истакна Герасимовски.

Фактор вчера објави фотографии од Боемската улица, каде на сите страни имаше расфрлано ѓубре.

Можеби ќе ве интересира

СПАСОВСКИ: Македонија не смее да стане земја што ќе спроведува азилски постапки за други држави, а притоа да ѝ остануваат мигранти што нема каде да ги врати

СПАСОВСКИ: Македонија не смее да стане земја што ќе спроведува азилски постапки за други држави, а притоа да ѝ остануваат мигранти што нема каде да ги врати

„ДЕЛОВНА ТАЈНА Е ДЕКА НЕ' ТРУЈАТ“: Арсовска тврди дека загадувачите добиле право да ги кријат доказите под мотото „деловна тајна“

„ДЕЛОВНА ТАЈНА Е ДЕКА НЕ' ТРУЈАТ“: Арсовска тврди дека загадувачите добиле право да ги кријат доказите под мотото „деловна тајна“

УАПСЕН ЕКС ДРЖАВНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Осомничен е за поткуп од десетици илјади евра

УАПСЕН ЕКС ДРЖАВНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Осомничен е за поткуп од десетици илјади евра

Во Кочани одржан 33. Марш за ангелите

Во Кочани одржан 33. Марш за ангелите

Најголемиот шлепер во Македонија го вози жена и тоа токму оваа: „Најтешко е да си далеку од дома и од блиските“ - Цеце Мирчевска за „Женски магазин“

Најголемиот шлепер во Македонија го вози жена и тоа токму оваа: „Најтешко е да си далеку од дома и од блиските“ - Цеце Мирчевска за „Женски магазин“

НЕ Е ЛЕСНО ДА СЕ РАБОТИ ДАЛЕКУ ОД ДОМА: Познатиот готвач Настески со потресно сведоштво „Поголема болка од ова нема!“

НЕ Е ЛЕСНО ДА СЕ РАБОТИ ДАЛЕКУ ОД ДОМА: Познатиот готвач Настески со потресно сведоштво „Поголема болка од ова нема!“

„ОВК НЕ БЕШЕ КРИМИНАЛНА ОРГАНИЗАЦИЈА, СЕ БОРЕШЕ ЗА ЕДНАКВОСТ НА АЛБАНЦИТЕ“: Протест за поддршка на осудените водачи на УЧК

„ОВК НЕ БЕШЕ КРИМИНАЛНА ОРГАНИЗАЦИЈА, СЕ БОРЕШЕ ЗА ЕДНАКВОСТ НА АЛБАНЦИТЕ“: Протест за поддршка на осудените водачи на УЧК

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

ДЕТАЛИ ЗА ПАДНАТИОТ АВИОН ВО МАВРОВСКО ЕЗЕРО: Техничките податоци откриваат дека станува збор за вистински авијациски „олдтајмер“

ДЕТАЛИ ЗА ПАДНАТИОТ АВИОН ВО МАВРОВСКО ЕЗЕРО: Техничките податоци откриваат дека станува збор за вистински авијациски „олдтајмер“