ГЕРАСИМОВ ГО ИНФОРМИРАЛ ПУТИН: Руските сили вратија 99,5 отсто од територијата на Курск
Објавено во: Свет 20 Април, 2025 07:30
Руските сили вратија 99,5 отсто од територијата на Курск што беше заземена од Украинците, велат руските власти. Руските војници повторно го вратиле под своја контрола селото Олешња во областа Курск.
Началникот на Генералштабот на Армијата на Русија, Валери Герасимов го информирал претседателот Владимир Путин дека руските сили повратиле повеќе од 99 отсто од територијата на Курск што украинската војска ја окупираше лани во август.
„Во областа на Курск, каде што украинските вооружени сили извршија упад, најголемиот дел од територијата сега е ослободен. Станува збор за 1.260 квадратни километри или 99,5 отсто од територијата“, рече Герасимов.
Путин прогласи примирје за Велигден, но украинската страна е скептична. Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека Путин манипулира со човечките животи.Но, украинските власти неодамна кажаа дека украински војници има во Белгород. Русија и Украина повеќе од три години се во војна.
Можеби ќе ве интересира
Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин
ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица
ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат
(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени
(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса
Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму
Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела
(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала




