26 Април, 2024
0.1620

Генерали Инвестментс ја зајакна позицијата на пазарот: Заврши спојувањето на Илирика Фунд Менаџмент

Објавено во: Финансии 15 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

ДУИФ Генерали Инвестментс АД Скопје ја финализираше процедурата за спојување на ДУИФ Илирика Фунд Менаџмент АД Скопје

Со ова спојување Друштвото Генерали Инвестментс АД Скопје ја зацврсти својата пазарна позиција. Основано во 2008 година, Друштвото управуваше со 4 инвестициски фондови и приближно 2.000 клиенти. По преземањето на Илирика, компанијата припои 3 инвестициски фонда со околу 1.900 клиенти, и индивидуално управувано портфолио, со што средства под управување на отворените инвестициски фондови се зголемија на 35 милиони евра и 3.900 клиенти.

Генерали Инвестментс АД Скопје сега управува со 7 инвестициски фондови Генерали БРИК, Генерали Нова ЕУ, Генерали Топ Брендови, Генерали Кеш Депозит, Илирика Глобал Растечки Пазари, Илирика Југоисточна Европа, Илирика Кеш Фонд како и со индивидуално управувано портфолио. Проспектите и Статутите на фондовите, како и Општите услови и Договорите за Индивидуално управување остануваат непроменети.

“Генерали Инвестментс АД Скопје останува цврсто закотвена на пазарот на капитал во земјава и со оваа аквизиција ја зацврсти својата позиција како едно од најдобрите друштва за управување во регионот. Под групациската закрила на Генерали Инвестментс, се отвораат вратите за уште појак локален и интернационален развој и проширување на производите и услугите за клиентите.” изјави Luka Podlogar, Претседател на Одборот на директори на Генерали Инвестментс АД Скопје.

“Ние ги интегриравме нашето одлично познавање на пазарот на капитал со знаењето за локалниот и глобалниот пазар.  За сите наши клиенти наша цел е да понудиме иновативни и одлично управувани продукти кои се темелат на знаењето, ресурсите и силата на нашата Generali група” изјави Лазе Камчев, Главен извршен директор на Генерали Инвестментс АД Скопје.

Генерали Инвестментс АД Скопје е дел од Генерали Групацијата и управува со 630 милијарди евра глобално и 23 милијарди евра во земјите на Централна и Источна Европа, поради што е една од најголемите компании за управување со средства во овој регион. Групацијата Generali, која е една од најголемите глобални осигурителни компании и давател на услуги за управување со средства е основана во 1831 и е присутна во 50 земји во светот со вкупна осигурителна премија од преку 69.7 милијарди евра во 2019. Со скоро 72.000 вработени обезбедува услуги за 61 милион клиенти. Групацијата е лидер во Европа, но и континуирано го зголемува учеството во Азија и Латинска Америка. Амбицијата на Generali е да се биде “животен- партнер” на своите клиенти нудејќи им иновативни и персонализирани решенија благодарениe на својата дистрибутивна мрежа.


Можеби ќе ве интересира

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат