ГЕНЕРАЛЕН ШТРАЈК: Грците на нозе-земјата блокирана!
Објавено во: Балкан 04 Февруари, 2016
Вработени ширум Грција ја запреле работата во знак на протест поради пензиските реформи, а земјата поради масовниот штрајк е во блокада.
Откажани се летови, траекти и запрен јавен превоз, училишта, судови и аптеки се затворени, додека во државните болници работат само итните служби.
Во пресрет на планираните демонстрации во Атина е забележано зголемено присуство на полиција.
Синдикатите прогласиле штрајк поради реформите на пезискиот систем кои се еденод условите за трет меѓународен пакет помош за Грција.
Левичарската влада на премиерот Алексис Ципрас се обидува да го реструктурира пензискиот систем со зголемени доприноси за социјална заштита како би избегнале намалување на пензиите, но противницте на реформите укажуваат дека поради тоа на многумина вработени две третини од приходите ќе им одат на даноци и доприноси.
Противниците на пензиската реформа успеале да ги обединат припадниците на различни професии, од земјоделци, таксисти и уметници до адвокати, лекари и инженери.
Денешниот генерален штрајк е најсериозен штрајк со кој владата на Ципрас се соочува откога дошла на власт пред околу година дена.