ГАСНО ПОВРЗУВАЊЕ МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И СРБИЈА: Вучиќ вели дека на самитот се разговарало за инфрастуктурни проекти
Објавено во: Економија 16 Мај, 2025 18:44
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во Тирана изјави дека на самитот на Европската политичка заедница разговарал за реализација на специфични инфраструктурни проекти, како што е изградбата на гасен интерконектор меѓу Србија и Северна Македонија, пишуваат српските медиуми.
„Разговаравме и за некои конкретни проекти во врска со инфраструктурните врски, имено интерконекторот со Северна Македонија, за да можеме да размислиме за дополнителни гасни врски во иднина. Разговаравме и за други инфраструктурни проекти, за целата Агенда за раст и за Единствената европска платна зона – СЕПА“, изјави Вучиќ.
Вели дека СЕПА е важна за Србија и за српските компании, но и за луѓето кои живеат и работат во странство, поради дознаките што ги испраќаат во државата.Можеби ќе ве интересира
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември
Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година
Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети
Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март
Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година
СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото
ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји




