09 Мај, 2024
0.0252

ГАРДИЈАН: Поради какаото за производство на чоколади Брегот на Слонова коска ќе снема шуми

Објавено во: Економија 15 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Британскиот весник Гардијан пишува дека светската индустрија за чоколади е виновна за катастрофалното уништување прашуми во западна Африка каде се сечат шуми заради производство на какао. 

Научниците велат дека какаото е чудовиште кое самото ќе се уништи, наведува Гардијан. 

Трговците што продаваат какао на Нестле, Марс, Монделеза и други големи компании, купуваат производи од нелегално засадени места во заштитени области во Брегот на Слоновата Коска каде површините под прашуми се намалени за над 80% од 1960 година.

Нелегалното какао во синџирот на снабдување се меша со „чисти“ зрна што значи дека чоколадите на Марс или Милка може да содржат „нечисто“ какао затоа што повеќе од 40% од какаото во светот доаѓа од Брегот на Слонова Коска, пишува Гардијан.

Во написот се додава дека Монделез, Марс и Нестле не негирале обвинувања дека какаото е засадено на површини од каде е исечена шума и дека  тоа е во нивниот синџир на снабдување, иако сите наведуваат дека работат напорно во нивните производи да нема „нечисто“ какао.

Околу 70% од светското какао го произведуваат околу два милиони фармери во појасот од Сиера Леоне до Камерун, но Брегот на Слоновата Коска и Гана се два најголеми светски производители додека и најголеми жртви на дефорестизација.

Брегот на Слоновата Коска најбрзо меѓу африканските држави губи шумски површини – сега помалку од 4% се под прашума додека некогаш таа цифра беше 25%.

Се поголемата побарувачка во светот за чоколади значи дека ако ништо не се преземе до 2030 година, повеќе нема да има шума во Брегот на Слонова Коска, нагласи еколошката организација Моќна Земја кои синоќа објавија истрага за уништување шума поради чоколада.

Можеби ќе ве интересира

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

KOJA E MИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЗА КОЈА БИ РАБОТЕЛЕ: Што кога на интервју за работа ќе ви го постават ова прашање?

KOJA E MИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЗА КОЈА БИ РАБОТЕЛЕ: Што кога на интервју за работа ќе ви го постават ова прашање?

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА