Гарапетритис по НАТО самитот: Власта во Северна Македонија систематски го крши Преспанскиот договор
Објавено во: Балкан 14 Јули, 2024 14:24
Министерот за надворешни работи на Грција, Јоргос Герапетритис, го истакна како што велит ој, систематското кршење на Договорот од Преспа од страна на новото раководство на Северна Македонија, во изјава објавена во неделното издание на весникот „Вима“, пренесува денеска АНА-МПА.
Коментирајќи го заклучокот од самитот на НАТО по повод 75-годишнината од формирањето на Алијансата во Вашингтон, Герапетритис рече дека грчката страна „нагласено го покренала прашањето за посветеноста на сите членки на НАТО на меѓународното право и меѓународните договори, кои се основа на глобалната безбедносна архитектура“.
Во тој контекст, тој особено се осврна на „обврската за строго придржување до Договорот од Преспа, чиешто јадро систематски го крши новото политичко и државно раководство на Северна Македонија“.
Министерот зборуваше и за улогата и придонесот на НАТО во заштитата на мирот и безбедноста во светот, како и за сопствената улога на Грција како столб на стабилноста во Источниот Медитеран и за зголемувањето на грчкиот „дипломатски капитал“ како резултат на надворешната политика.
Можеби ќе ве интересира
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството
(ВИДЕО) Вучиќ добил порака од Москва - како реагираше Фон дер Лајен?




