13 Мај, 2024
0.0216

ГАЛЕРИЈА: Пораз за Македонија од моќната Италија-Буфон главна фаца на натпреварот!

Објавено во: Спорт 10 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

И покрај надежта која беше присутна кај публиката на Арената Филип Втори во Скопје, синоќа, македонските навивачи си отидоа од трибините со натажени лица.

Македонија не ја издржа до крај битката која на теренот ја водеше со премоќната Италија која со гол во судиското надополнување ја победи нашата репрезентација.

На вчерашниот квалификациски дуел со Италија кој се одигра во Скопје, а на кој ние доживеавме несреќен пораз со 3-2 со погодокот на Чиро Имобиле во судиското продолжение.

Во продолжение ви пренесуваме дел од атмосферата на терен ...

Славниот италијански голман Џиџи Буфон прими два гола во Скопје, но на крајот славеше и ги фрли шорцевите кон навивачите.

Неколку навивачи од трибините по мечот се обидоа да влезат на теренот додека фудбалерите се уште беа во него, при што највпечатливо беше едно момче на возраст од 10-тина години кое му избега на обезбедувањето и потрча во прегратки на Буфон. Голманот на италијанската репрезентација како голем професионалец ја исполни желбата на младиот навивач, го прегрна и во спомен му ја даде десната ракавица.