14 Декември, 2025
0.0377

(ГАЛЕРИЈА) ПАЛЕВСКИ РЕЧЕ ДЕКА НЕ ГО ПОЗНАВА ТАТКОТО НА ВАЊА: Вели дека обвинението е засновано на лажен исказ на еден од обвинетите

Објавено во: Македонија, Галерија 20 Септември, 2024 17:25

Добивај вести на Viber

Првообвинетиот за двојното убиство на Вања Ѓорчевска од Скопје и Панче Жежовски од Велес, Љупчо Палевски, денеска, во Основниот кривичен суд се произнесе дека не се чувствува виновен и дека Основното јавно обвинителство извршува политичка наредба.

Палевски кажа дека во постапката како докази се ставени повеќе од 100 ДНК траги, а дури деведесет проценти од неговите приложени докази се користат против него.

На 1 декември имам јавна објава на мојот Фејсбук профил, каде сум, што правам и така натаму. Во хотелот се пријавив и одјавив регуларно со моја патна исправа и тргнав на пат за да направам магнетна резонанца на мојата кичма, бидејќи 70 проценти од мојата кичма не е во функција. После 10 месеци, од моите приложени докази, обвинителството ги злоупотребува и МВР Форензика по наредба на обвинителството изготвува материјални докази. Не може да ме убеди обвинителството дека нема наредба за политичко монтирано судење, затоа што многу добро знае обвинителството. Како тоа не можеле да ја видат целосната слика за овој кривичен настан, па дури на 20 мај мојата ДНК е ставена во систем“, рече Палевски.

Вели дека целата оваа содржина на обвинение е заснована на лажен исказ на еден од обвинетите, кој сака да избегне доживотен затвор за вакво злосторство кое е направено.

Според Палевски, таткото на малолетното девојче, Александар Ѓорчевски е наместен од полицијата за да се изготви некаков лажен мотив и врска помеѓу нив двајца. 

Палевски рече дека не го познава Александар, таткото на Вања.

Турската полиција лани го уапси Палевски во градот Баликесир. 

фото Вангел Тануровски

Можеби ќе ве интересира

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија