07 Мај, 2024
0.1341

(ГАЛЕРИЈА) Mercedes-Benz CLA Shooting Brake – Убавина со сета своја практичност

Објавено во: Мои пари 28 Април, 2015

Добивај вести на Viber

Спортски пропорции и моќен динамичен дизајн со сензитивни линии,го прави CLA Shooting Brake уникатен во својот изглед.Издолжениот coupe дизајн со спуштен горен дел на возилото, како и подигнатата највисока контура на долниот дел на автомобилот,се клучните елементи за исклучителниот изглед на CLA Shooting Brake,што го прави да биде повеќе од coupe со четири врати.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

CLA Shooting Brake со димензии (должина/ширина/висина: 4630/1777/1435 mm) првично ќе биде достапен со два дизелски и четири бензински агрегати,како и со погон на четири тркала 4MATIC.

Со CLA Shooting Brake, нашето семејство на компактни автомобили порасна на пет модели. Широката понуда опфаќа и модели со погон на 4 тркала, како и AMG верзии и претставува суштинска причина за импресивната успешна приказна на новата генерација

OLYMPUS DIGITAL CAMERA Mercedes-Benz компактни возила – за што веќе се испорачани над 1 милион возила“, изјави Dieter Zetsche, претседател на Управниот Одбор на Daimler AG и прв човек на Mercedes-Benz патнички возила.

Убавина со сета своја практичност

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Елеганцијата на издолжениот заден дел на Shooting Brake,заедно со разновидноста што возилото ја нуди,се гаранција за исклучителноста на автомобилот,без притоа да се доведе во прашање дизајнот на CLA.

На таков начин, висината на кабината на возачот која изнесува 94,7 см е зголемена за 4 см во однос на стандардната верзија на CLA.Исто така е олеснет и пристапот до задниот ред седишта.

??????????????????????

Просторноста е една од силните страни на Shooting Brake. Багажниот простор нуди капацитет на товарење од 495 до 1354 литри (при спуштен втор ред седишта). Доколку седиштата се поместат нанапред кон т.н. „карго позиција“,тогаш капацитетот на багажниот простор изнесува 595 литри.Ширината на багажниот простор која изнесува 1328 мм, е најголем во овој сегмент.

Разновидни паметни решенија можат да се забележат во возилото,но и разните опции како на пример електричното ракување на вратата на багажникот.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

CLA Shooting Brake импресионира со супериорна аеродинамичност и со вредност Cd 0,26 е лидер во својот сегмент.

Сите мотори кои се достапни за CLA Shooting Brake се одликуваат со перформанси кои ја истакнуваат агилноста,ниското ниво на бучавост, како и ниското ниво на емисија на штетни материи. CLA 200 CDI со моќност од 100 KW (136 КС) е особено ефикасен:постигнува крајна брзина од 215 км/час и комбинирана потрошувачка на гориво од само 3,9 л/100 км и емисија на CO2 од 101 грам на изминат километар.

??????????????????????

Сите верзии се стандардно опремени со ECO старт/стоп функцијата и ги исполнуваат нормите на Euro 6 стандардот за емисија на штетни материи.Исто така,достапен е и погон на сите тркала,првично во моделот CLA 250 4MATIC и CLA 250 Sport 4MATIC (вклучува динамичен изглед,спортски тјуниран мотор,забрзување и трансмисија,како и спортски звук на моторот) и се разбора CLA 45 AMG.

Дизел варијантите со погон на четири тркала се моделите CLA 200 CDI 4MATIC и CLA 220 CDI 4MATIC.

TABELA1 tabela2

Внатрешност: Високо-квалитетни материјали и интегрирани седишта

Прогресивниот надворешен изглед со својата спортска појава продолжува и во внатрешноста на возилото.Изгледот на внатрешниот простор дополнително го истакнува чувството за висок квалитет,како и изборот и комбинациите на избраните материјали.Специјалните пакети на опременост вклучуваат и опшивки со контрастни бои.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Инструмент-таблата е составена од два големи кружни мерачи,а секоја од нив содржи и еден помал покажувач,со спортски дизајн и позиција на стрелките.Исто така поставен е централен екран со големина од 17,8 см (7 инчи),како и „пијано“ изглед со висок сјај на централната конзола.Достапен е и поголем екран од 8 инчи.

Со цел да се истакне спортскиот карактер, CLA Shooting Brake поседува интегрирани седишта во предниот и задниот дел на возилото.Луксузните седишта со посебни потпирачи за глава,на Ваше барање се достапни во Urban нивото на опременост.

Системот за амбиентално осветлување содржи 13 позиции на осветлување на внатрешноста.Исто така,амбиенталното осветлување е достапно како опција во 12 различни бои,кои можете да го прилагодите во зависност од атмосферата која сакате да добиете во внатрешноста.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Како опција достапен е лизгачки покрив со голема стаклена површина,со што ја прави внатрешноста да биде светла и пријатна.

Безбедност: автономно сопирање,доколку е детектирана опасност од судар

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

CLA Shooting Brake содржи COLLISION PREVENTION ASSIST PLUS како стандардна функција. Овој помошен систем има дополнителна функционалност во однос на COLLISION PREVENTION ASSIST, односно поседува можност за самостојно сопирање со намалување на ризикот од судар.Доколку возачот не успее навреме да реагира во случај на опасност од судар,при претходно визуелно и звучно предупредување,тогаш системот автоматски почнува со сопирање на возилото.На тој начин,брзината на движење на возилото е значително намалена.Во зависност од релативната брзина,оваа интервенција може да биде доволна за да се избегне судар со друго возило кои се движи напред,но со помала брзина или запира.

Исто така,како стандардна функција е и системот за предупредување од замореност при возење, ATTENTION ASSIST.Системот функционира при брзина на движење на возилиото од 60 км/час до 200 км/час.

Можеби ќе ве интересира

Одбројуваме уште 15 дена до Конференцијата за комерцијални недвижности

Одбројуваме уште 15 дена до Конференцијата за комерцијални недвижности

БИМИЛК во Битола го носи д-р Ранко Рајовиќ за да го одбележи Светскиот ден на семејството

БИМИЛК во Битола го носи д-р Ранко Рајовиќ за да го одбележи Светскиот ден на семејството

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ денеска патува до својата крајна станица – Drunken Monkeys

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ денеска патува до својата крајна станица – Drunken Monkeys

АПРИЛ ВОЗБУДЛИВ ЗА ИГРАЧИТЕ НА ВЛТ: ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ИМ ИСПЛАТИ НА ИГРАЧИТЕ ФАНТАСТИЧНИ 46.238.549 ДЕНАРИ

АПРИЛ ВОЗБУДЛИВ ЗА ИГРАЧИТЕ НА ВЛТ: ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ИМ ИСПЛАТИ НА ИГРАЧИТЕ ФАНТАСТИЧНИ 46.238.549 ДЕНАРИ

Регионална кампања „Вистината е важна“ за опасностите кои ги носат дезинформациите и говорот на омраза

Регионална кампања „Вистината е важна“ за опасностите кои ги носат дезинформациите и говорот на омраза

Дали се сеќавате на оваа игра? Би ја играле и денес?

Дали се сеќавате на оваа игра? Би ја играле и денес?

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“