29 Април, 2024
0.0283

ГАК СО ДЕТАЛИ ЗА ПОЧИНАТАТА 33 ГОДИШНА ПАЦИЕНТКА - имала претходни болести, лекувана е по сите протоколи

Објавено во: Македонија 10 Мај, 2021

Добивај вести на Viber

За случајот на починатата пациентка од Охрид, министерот за здравство, Венко Филипче денеска рече дека доцна синоќа прочитал за случајот, а денеска ќе биде спроведен надзор преку Државниот здравствен и санитарен инспекторат.

Инаку, според објавите на социјалните мрежи, пациентката починала на Клиниката за гинекологија и акушерство, од рутинска операција на миом. 

„Ќе иницираме соодветен надзор преку Државниот санитарен и здравствен инспекторат, а доколку е потребно, и стручен надзор“, изјави Филипче, одговарајќи на новинарско прашање по денешната прес-конференција.

Од Клиниката за гинекологија и акушерство во соопштение до јавноста појаснуваат дека не се работи за родилка како што тоа е објавено на социјалните мрежи, туку за пациентка која е оперативно третирана. Пациентката, според соопштението од ГАК, починала утрово на КАРИЛ.

„Пациентката е примена на ГАК на 21.04.2021 година со голем тумор на матката и е извршена операција на 22.04., со уреден оперативен тек. Во првите шест дена пациентката е стабилна и е на исхрана преку уста. Шестиот постоперативен ден, поради нагло влошување на состојбата (силна болка), пациентката повторно е подложена на оперативен зафат во присуство на абдоминален хирург заради утврдување на причините за влошување на состојбата. Интраоперативно е најдена спонтана руптура на тенко црево (најверојатно како резултат на претходните болести). Во договор со абдоминален хирург, пациентката е префрлена на Клиниката за дигестивна хирургија. На 11-от ден постоперативно, на Дигестивна хирургија, настанува повторна компликација со цревата најверојатно поради претходните болести и пациентката е повторно оперирана. Постооперативно пациентката е во стабилна состојба и хоспитализирана на Клиниката за дигестивна хирургија. Утрото на 09.05.2021 година, под сомнение за белодробна тромбоемболија, пациентката итно е префрлена на КАРИЛ, каде починала по многу кратко време“, се појаснува во соопштението.

На социјалните мрежи беше објавено дека 33-годишна родилка починала на ГАК и оти наместо папочната врвца, и биле пресечени цревата.

Воедно, од ГАК информираат дека по добиените информации од Дигестивна хирургија за комликациите и лошиот исход на пациентката, денеска под итно се состана Комисијата за контрола на квалитет при ЈЗУ У ГАК – Скопје и ја разгледа целата документација од приемот до исписот на Клиниката за дигестивна хирургија.

„Комисијата заклучи дека пациентката е лекувана и третирана по сите протоколи, под висок стручен надзор, заради нејзината претходна состојба и дека е постапено со лекување и третман за високоризични пациенти. Комисијата за контрола на квалитет при ЈЗУ У ГАК ќе се состане повторно по добивање на судско-медицинскиот наод. ЈЗУ У ГАК-Скопје изразува длабоко сочувство до семејството на починатата пациентка за нивната голема загуба“, се посочува во соопштението од Гинеколошко-акушерската клиника.

Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ ЗАЕВ ОД ДАЛЕЧИНА САКА ДА МУ ПРЕНЕСЕ НЕКАКВА ПОРАКА НА КОВАЧЕВСКИ - еве што кажа во Америка

ДАЛИ ЗАЕВ ОД ДАЛЕЧИНА САКА ДА МУ ПРЕНЕСЕ НЕКАКВА ПОРАКА НА КОВАЧЕВСКИ - еве што кажа во Америка

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: Засега нема договор за поддршка на некој од претседателските кандидати, за тоа ќе одлучува партиското раководство

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: Засега нема договор за поддршка на некој од претседателските кандидати, за тоа ќе одлучува партиското раководство

Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред

Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред

„БИТИЌИ СРАБОТЕ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ, БЕКТЕШИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА, И ГО ИМАШ ГРУБИ КОЈ ИГРА ФУДБАЛ ВО КАНЦЕЛАРИЈА“ - Ковачевски со поостра критика за кадарот на ДУИ

„БИТИЌИ СРАБОТЕ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ, БЕКТЕШИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА, И ГО ИМАШ ГРУБИ КОЈ ИГРА ФУДБАЛ ВО КАНЦЕЛАРИЈА“ - Ковачевски со поостра критика за кадарот на ДУИ

ВИСОК Е 63 И ПОЛ МЕТРИ И Е ВТОР ПО ГОЛЕМИНА КРСТ ВО ДРЖАВАТА - в очи на Велигден осветен крстот во Драчево

ВИСОК Е 63 И ПОЛ МЕТРИ И Е ВТОР ПО ГОЛЕМИНА КРСТ ВО ДРЖАВАТА - в очи на Велигден осветен крстот во Драчево

Крмов од Велес: Велешани ја препознаваат Левица како единствена опција која потекнува од народот ​​​​

Крмов од Велес: Велешани ја препознаваат Левица како единствена опција која потекнува од народот ​​​​

ИМА НЕДВИЖЕН ИМОТ НА СВОЕ ИМЕ, ДОСЕГА Е НЕОСУДУВАН... - од Врховен суд ги изнесоа причините зошто не треба затворски притвор за таткото на Вања

ИМА НЕДВИЖЕН ИМОТ НА СВОЕ ИМЕ, ДОСЕГА Е НЕОСУДУВАН... - од Врховен суд ги изнесоа причините зошто не треба затворски притвор за таткото на Вања

„АКО СЕ БИДЕ ВО РЕД, ВО ИДНАТА ВЛАДА ЌЕ БИДАТ ЗАЕДНО ВМРО-ДПМНЕ И ЗНАМ“ - новинарот Латас со прогноза

„АКО СЕ БИДЕ ВО РЕД, ВО ИДНАТА ВЛАДА ЌЕ БИДАТ ЗАЕДНО ВМРО-ДПМНЕ И ЗНАМ“ - новинарот Латас со прогноза

Левица во Битола оддаде почит на загинатите бранители во Вејце

Левица во Битола оддаде почит на загинатите бранители во Вејце