27 Јули, 2024
0.0282

„ФРЧАТ“ ТРАНСАКЦИИ СО АКЦИИТЕ НА „РЕПЛЕК“: КОЈ ГИ ЗАСИЛУВА, А КОЈ ГИ БРАНИ ПОЗИЦИИТЕ? - Туџарова излегува од акционерската структура

Објавено во: Економија 26 Септември, 2023

Добивај вести на Viber

„Реплек“ станува дефинитивно една од најинтересните компании за купување и продавање акции во државава. Деновиве повторно се случила блок трансакција, и тоа на прилично значаен број акции и солидна сума која за нив била платена, а која надмина половина милион евра.

Фактот што на Берзата постојано „фрчат“ блок трансакции, а акции се купуваат и продаваат и на редовното берзанско тргување, говори дека оваа компанија е под постојан инвеститорски интерес.

А, зошто е тоа така?

Причините веројатно би требало да се бараат во фактот што акционерската структура на таа компанија е прилично разнолика, односно постојат неколку акционери кои поседуваат акционерски пакети што надминуваат пет проценти од капиталот и затоа се видливи за јавноста, но притоа не станува збор за големи или доминантни проценти на акции, кои би гарантирале мир и спокојство кај некој од акционерите, во смисла на обезбедено сопственичко упориште во компанијата. Финансиките резултати на компанијата и нејзиниот разработен бизнис веројатно ги зголемува апетитите кај многу деловни играчи во земјава и тие да посакаат да добијат дел од сопственичкиот колач, а не е исклучено во иднина кај нив да се родат и некакви поамбициозни желби во тој поглед.

Како што е познато, долго време во сопственоста но и во менаџирањето на „Реплек“ доминираше семејството Туџарови, но тие излегоа од компанијата, а раководната палка ја презедоа браќата Пецоски, кои се најголемите акционери во компанијата во моментов. Токму во моментов Душан Пецовски поседува нешто над 12 отсто од акциите, додека, пак, Владимир Пецовски располага со 6,27 отсто, или двајцата заедно поседуваат пакет од над 18 проценти. Еден од акционерите е и компанијата „Настел“ на бизнисменот Зоран Азманов, која долго време се задржува на пакетот од 9,38 отсто, а и самата компанија „Реплек“ поседува 8,14 отсто сопствени акции, кои всушност компаниите ги купуваат за да го штитат својот капитал и цената на акцијата. Сава пензискиот фонд има 6,4 отсто, а фирмата „Ситко“ 6,37 проценти.

И, еден нов акционер, кој всушност и претходно имал акции во „Реплек“, но тие биле под пет отсто, а по последното купување акции јасно се виде во акционерската структура, е синџирот на лаборатории „Биотек“, кој според најновата ситуација во депозитарот, сеуште има 6,3 отсто од акциите.

Она што е видливо од последната објава на ЦДХВ, е дека од акционерската структура на „Реплек“ постепено и речиси целосно излегува Славица Туџарова-Трајковска, која претходно имаше повеќе акции, но ги продаваше во неколку наврати, а според последните јавно достапни информации имаше пакет од нешто над 3 проценти, иако не се знае дали и него го продала, или сепак дел задржала, бидејќи не може да се види кој колку акции поседува ако тоа е помалку од 5 отсто.

Во „Реплек“ има и поситни акционери, односно 250 домашни физички лица и 11 правни лица, како и 11 странци и една странска компанија.

Последната блок трансакција се случила во петокот минатата недела, и во неа биле продадени 500 акции, по цена од 68 илјади денари за акција, што значи дека некој познат купувач за ова количина акции платил 553 илјади евра, што воопшто не е сума за потценување. И процентот на акции кој е продаден на таа петочна блок трансакција не е сосема безначаен, односно биле продадени близу 2 проценти од вкупниот капитал, или прецизно 1,93 проценти.

Кој ги купи а кој ги продаде овие акции ќе се знае веројатно деновиве, кога или тоа ќе го објави самата компанија, или во понеделник идната недела кога состојбата ќе се отслика на Централниот депозитар.

Денеска, пак, на Берзата имало и редовно тргување на класичниот пазар, при што биле истргувани само 3 акции, но тие постигнале значително повисока цена, од 85 илјади денари за акција.

Фактор на брифинг за медиумите го праша менаџментот на компанијата на што се должи овој интерес за купување на акциите на „Реплек“, и дали кај нив постои стравување од евентуални обиди за преземање на компанијата, кое би можел да го иницира некој од сегашните акционери, или, пак, некакво нивно здружување, или, пак, некој сосема трет.

„Тоа е најдобар доказ за добрите финансиски резултати, стабилноста и перспективноста на компанијата. Ништо не е исклучено, но најважно е овој квалитет на работењето да продолжи, како и довербата од купувачите и деловните соработници“, е одговорот кој го добивме од Душан Пецовски, најголемиот акционер и во исто време генерален директор на компанијата.

Компанијата неодамна извести дека Европската агенција за лекови (ЕМА) по четврти пат го потврди високиот квалитет на производите на „Реплек“, доделувајќи го сертификатот – EUGMP (Good manufacturing practice). Овој сертификат е потврда за добрата производна пракса согласно највисоките стандарди на Европската Унија. 

Инаку, компанијата Биотек“ која е новиот звучен акционер во Реплеке позната по својот синџир на лаборатории, кои, заедно со другите „колеги“ од индустријата, направија милионски профити тестирајќи ги граѓаните на ковид вирусот, за што наплатуваа солиднии суми, во време кога јавното здравство не можеше да обезбеди доволно тестови. Лани Биотек имал приходи од 11,5 милиони евра и добивка од 1,4 милиони евра. Во 2021 година, пак, наплатиле 6,1 милиони евра, а добивката во 2021 достигнала 2,6 милиони евра.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ГРЧКИОТ АКЦИОНЕР ЕЛ.П.ЕТ БАЛКАНИКИ ЈА ЗАСИЛУВА СВОЈАТА СОПСТВЕНОСТ - сега поседува 82,1 отсто од скопската рафинерија

ГРЧКИОТ АКЦИОНЕР ЕЛ.П.ЕТ БАЛКАНИКИ ЈА ЗАСИЛУВА СВОЈАТА СОПСТВЕНОСТ - сега поседува 82,1 отсто од скопската рафинерија

КОМПАНИИТЕ ОД ЛИСТАТА FORTUNE 500 ИЗГУБИЈА ОКОЛУ 5,4 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - причина е грешката во CrowdStrike

КОМПАНИИТЕ ОД ЛИСТАТА FORTUNE 500 ИЗГУБИЈА ОКОЛУ 5,4 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - причина е грешката во CrowdStrike

ЕВЕ ШТО СЕ СЛУЧИ ДЕНЕС НА РАСПРАВАТА ЗА РЕБАЛАНСОТ НА БУЏЕТОТ: Лукаревска ја прекина седницата, истата ќе продолжи утре

ЕВЕ ШТО СЕ СЛУЧИ ДЕНЕС НА РАСПРАВАТА ЗА РЕБАЛАНСОТ НА БУЏЕТОТ: Лукаревска ја прекина седницата, истата ќе продолжи утре

ИНДУСТРИЈАТА ЗА ЛУКСУЗНИ ПРОИЗВОДИ ПОКАЖУВА ЗНАЦИ НА КРИЗА: Колку познати брендови ќе исчезнат за пет години?

ИНДУСТРИЈАТА ЗА ЛУКСУЗНИ ПРОИЗВОДИ ПОКАЖУВА ЗНАЦИ НА КРИЗА: Колку познати брендови ќе исчезнат за пет години?

ЕВЕ КОЈ ДЕЛ Е НАЈПРОБЛЕМАТИЧЕН ВО ИЗГРАДБАТА НА АВТОПАТОТ КИЧЕВО - ОХРИД: И покрај проблемите, ќе биде изграден до 2026 година

ЕВЕ КОЈ ДЕЛ Е НАЈПРОБЛЕМАТИЧЕН ВО ИЗГРАДБАТА НА АВТОПАТОТ КИЧЕВО - ОХРИД: И покрај проблемите, ќе биде изграден до 2026 година

КОЈА Е ЦЕНАТА ШТО ЌЕ ЈА ПЛАЌААТ СКОПЈАНИ ЗА ПАРНО? Еве кога ќе се дознае износот

КОЈА Е ЦЕНАТА ШТО ЌЕ ЈА ПЛАЌААТ СКОПЈАНИ ЗА ПАРНО? Еве кога ќе се дознае износот

КОМПАНИЈАТА ВИНОВНА ЗА ОГРОМНИОТ ПАД НА СИСТЕМОТ, НА РАБОТНИЦИТЕ ИМ ДАЛА ВАУЧЕРИ ОД 10 ДОЛАРИ: И тие не работеле!

КОМПАНИЈАТА ВИНОВНА ЗА ОГРОМНИОТ ПАД НА СИСТЕМОТ, НА РАБОТНИЦИТЕ ИМ ДАЛА ВАУЧЕРИ ОД 10 ДОЛАРИ: И тие не работеле!

ГОРДОСТА НА ГЕРМАНИЈА НА КОЛЕНА: 30.000 работници останаа без работа - евидентирана загуба од над една милијарда евра

ГОРДОСТА НА ГЕРМАНИЈА НА КОЛЕНА: 30.000 работници останаа без работа - евидентирана загуба од над една милијарда евра

НЕМА ЛУЃЕ ЗА МЕНАЏЕРСКИТЕ ПОЗИЦИИ ВО ФАБРИКИТЕ: Производителите се соочуваат со големи проблеми

НЕМА ЛУЃЕ ЗА МЕНАЏЕРСКИТЕ ПОЗИЦИИ ВО ФАБРИКИТЕ: Производителите се соочуваат со големи проблеми