27 Април, 2024
0.0268

Француски Orange ќе ја промовира 5G опремата на Huawei во Африка

Објавено во: Мои пари 03 Август, 2021

Добивај вести на Viber

Главниот француски телекомуникациски оператор Orange соопшти дека ќе продолжи да соработува со Huawei при воведувањето на 5G во Африка, откако во својата земја се соочи со зголемени бариери за користење на опремата на кинескиот телекомуникациски гигант, во услови на санкциивоведени од САД.

Според аналитичарите, забелешките покажуваат дека квалитетот на опремата на Huawei го отежнува напуштањето на компанијата, а тие укажуваат и дека соработката на Huawei со европските телекомуникациски оператори ќе продолжи, и покрај малтретирањето од Вашингтон.

„Се повеќе работиме со кинеските провајдери во Африка... Тие инвестираа во Африка, додека европските снабудевачи се двоумеа“, изјави Стефан Ричард, извршен директор на Orange, во интервју за Ројтерс.

Сепак, Orange ќе избегне користење на опрема од кинески провајдери, вклучувајќи ги Huawei и ZTE, при развојот на 5G мрежи во Европа, и наместо нив ќе се определи за снабдувачи како Ericsson и Nokia, според извештајот на Ројтерс, повикувајќи се на Извршниот директор на компанијата.

„Соработката на третите пазари покажува дека угледот на Huawei помеѓу европските телекомуникациски оператори е многу добар по долгогодишната соработка“, рече Јианг Јунму, новинар на кинеската веб-страница за телекомуникациска индустрија, c114.com.cn и близок следбеник на Huawei.

Ова покажува и дека опремата и технологијата на Huawei се моќни и незаменливи, додаде Јианг.

Соработката доаѓа и во момент кога европските влади ги зајакнаа контролите врз кинеските високотехнолошки компании, кои градат 5G мрежи подпритисокна САД.

Овој потег на Orange е и еден вид грижа за себе, што бара од Huawei да биде „профитабилен“ во ерата на 5G, изјави за „Глобал Тајмс“ долгогодишниот аналитичар во индустријата, Ма Јихуа.

Земјите како Велика Британија веќе му забранија на Huawei да гради 5G мрежи, додека други им поставија бариери на кинеските провајдери - на пример, спречувајќи ги да учествуваат во основните делови на нивните 5G мрежи.

„Huawei може само да се стреми да го одржи сегашнотоучество на европскиот пазар, наместо да бара раст и експанзија“, рече Ма.

„Ќе ни биде потребно време и дополнителни инвестиции за да изградиме нови самостојни мрежи со повеќе провајдери“, рече Ричард. „Факт е дека денес во Европа се потешко е да се развиваат 5G мрежи со кинески провајдери и ние тоа го сфаќаме како реалност“.

Меѓутоа, и покрај неуспесите, Ма верува дека кинескиот технолошки гигант нема лесно да се откаже од европскиот пазар,што го развива со децении и дека „ќе се врати веднаш кога ќе се укаже прилика за тоа“.

За време на Светскиот мобилен конгрес во 2021 година (MWC 2021) во Барселона, Шпанија, Huawei лансираше серија 5G производи и решенија ориентирани кон„1+N“ 5G целните мрежи, истакнувајќи дека „овие производи и решенија овозможени од водечките индустриски иновации ќе помогнат да се промовира мулти-антенска технологија во сите опсези и сите сценарија за изградба на водечки 5G мрежи“.

Претседателот на Huawei за Западна Европа, Дејвид Ли, изјави во текот на Конгресот дека Huawei е „силен поддржувач на зелените амбиции на ЕУ за намалување на емисиите на стакленички гасови“.

Соработката на Huawei со европските провајдери ќе продолжи, што е избор на пазарот, наместо политички, баш како и економската соработка помеѓу Кина и Европа, истакнува Ма.

ПР објава


Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“