14 Декември, 2025
0.0369

ФРАНЦИЈА УКИНУВА СУБВЕНЦИИ ЗА ЕЛЕКТРИЧНИ ВОЗИЛА: На удар кинеските автомобили, но и дел од производството на Тесла

Објавено во: Економија 21 Септември, 2023 09:43

Добивај вести на Viber

Со цел да се избегне директна дискриминација на кинеските марки, Франција одлучи да ја заснова својата помош на еколошкиот отпечаток на автомобилот, од неговото производство до продавачот, а не само на емисиите на CO₂ додека возите.

Франција е една од првите земји во Европа која ги смета кинеските електрични автомобили како закана за европската автомобилска индустрија, а особено за француските производители.

Сега Владата презеде акција и одобри ново правило за субвенции за набавка на електрични автомобили, кои досега беа отворени за сите марки, но отсега ќе се воведуваат рестрикции.

Нема веќе субвенции за кинеските електрични автомобили, односно возилата произведени надвор од Европа, а пронајден е интересен начин целата приказна да се прикрие во еколошка наметка, односно да не се делува како протекционизам.

Со цел да се избегне директна дискриминација на кинеските марки, Франција одлучи да ја заснова својата помош на еколошкиот отпечаток на автомобилот, од неговото производство до продавачот, а не само на емисиите на CO₂ додека возите. Ова ново правило ќе стапи на сила во јануари 2024 година.

Досега, се доделуваше субвенција за купување од 5.000 евра (до 7.000 евра за домаќинства со ниски приходи) без оглед на отпечатокот на CO2 на возилото во текот на неговиот животен циклус, но неговите еколошки перформанси сега ќе бидат тестирани.

Во пракса, на секој модел што се продава во Франција ќе му се додели еколошка оцена, што ќе го направи подобен за бонусот или не. Овој резултат ќе се пресметува врз основа на влијанието врз животната средина на секоја фаза пред неговата употреба на патот.

Ќе се земат предвид материјалите што се користат во производството (челик, алуминиум, итн.), како и влијанието на склопувањето на самото возило врз животната средина (потрошувачка и структура на искористената енергија, на пример) и батериите (тежина, транспорт , потрошувачка на енергија).

Ќе се испита и логистиката, односно од каде доаѓаат батериите и самиот автомобил. Така, автомобил произведен во Кина или Тексас нема да биде подобен за поддршка за купување, бидејќи емисиите ќе вклучуваат превоз.

Мерката ќе опфати и некои возила на Tesla, како што се Model S или X, кои не се произведуваат во Европа.

Да потсетиме, Франција нема проблем со овој потег и гневот на Кина бидејќи француските производители на автомобили речиси и да ги нема на кинескиот пазар... Без субвенции, кинеските автомобили нема да бидат конкурентни, а нема да бидат ни некои од поизводството на Тесла.

Можеби ќе ве интересира

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји