(ФОТО) Силен земјотрес во морето крај Филипини
Објавено во: Свет 10 Јануари, 2017
Земјотрес со јачина од 7,3 степени имаше во морето југоисточно од филипинскиот остров Холо, пренесоа агенциите, повикувајќи се на Геофизичкиот институт на САД.
Потресот бил на длабочина од 617 километри.
Според други информации од Индонезија, епицентарот бил на 322 километри северозападно од индонезискиот остров Сангихе лоциран недалеку од Филипините.
Засега нема податоци за штети и жртви.
Опасност од цунами нема затоа што земјотресот бил длабоко во земјата.
Жителите живеат во згради кои се отпорни на земјотреси.
Неодамна земјотреси на Филипините доведоа до појава на свлечишта.