(ФОТО+ВИДЕО) СЕ УРНА ВО МОРЕ: Го нема веќе симболот на Медитеранот
Објавено во: Свет 08 Март, 2017
Познатиот Азурен прозорец во Малта, една од најпознатите туристички локации и глетка која се појавила во многу филмови и телевизиски серии, се урна по природен пат.
Премиерот на Малта, Џозеф Мускат изјави дека веста „му го скршила срцето“.
„Извештаите кои ги добивавме во изминатите години индицираа дека овој споменик ќе биде тешко погоден од неизбешна природна корозија. Тој тажен ден дојде“- напиша на Твитер Мускат.
Истражување во 2013 година тврдеше дека иако ерозијата е неизбежна, а структурата не е во директна опасност од руштење, пренесува малтешки весник.
Популарниот свод во карпата на островот Гозо се појави во првата епизода на „Игра на тронови“, и во неколку познати филмови.
Властите неодамна воведоа казна и поставија знаци, со цел да спречат луѓето да одат по природниот споменик, но повиците биле често игнорирани.
Силни ветрови ја зафатија Малта денеска поради што траектите кои пловат до каналот Гозо ги привремено ги прекинаа своите услуги.
Инаку на ова место луѓето се фотографираа и оттука скокаа во морето.