(ФОТО+ВИДЕО) Невреме во Западна Европа: Повредени се луѓе, а 250.000 домаќинства се без струја
Објавено во: Свет 21 Октомври, 2021
Невреме ја зафати Западна Европа, а во Франција 250.000 домови се без струја. Погодени се и Британија, Германија, Холандија, Белгија. Невремето прво го погодила атлантскиот брег кај Велика Британија, а потоа се прошири во други делови на континентот.
Ветрови кои дувале и со брзина до 175 километри на час го погодиле нормандискиот камп Фекамп. Околу 250.000 француски домови останале денеска без електрична енергија, а возовите од Нормандија кон Париз се запрени. Четворица луѓе се повредени во холандскиот град Барендрехт. Пожарникарите во белгискиот град Вестерхок, во близина на холандската граница, објавиле на Твитер дека добиле десетици повици во текот на ноќта, за да помогнат во санирање на штетата. Во Делмехорст на северозападот на Германија, над маж паднала гранка во средата навечер, но тој минал со полесни повреди. Во текот на ноќта, товарен воз налетал на стебло во Бад Годезберг, во предградието на Бон.
Во јуни годинава имаше невреме во повеќе европски држави. И во февруари лани, делови од Европа беа под вода.