Хотел во сопственост на Доналд Трамп, американскиот бизнисмен чие богатство се проценува од 3 до 7 милијарди долари, е вистинска бајка од луксуз и стил. "Trump International Hotel Waikiki Beach", сместен на Хаваите, е само еден од ланецот хотели кои овој богаташ ги има ширум светот. Во овој хотел се сместени ексклузивни продавници и првокласни ресторани. Уште една неверојатна карактеристика за хотелот е тоа што истиот е сместен во непосредна близина на славните Вајкики плажи со бел песок, со што уште еднаш се потврдува дека станува збор за неверојатна туристичка дестинација.