ФОТОГРАФИЈА КОЈА ГО ОБИКОЛИ СВЕТОТ-КИМ СТАВИ МАСКА: Прв случај на Ковид-19 во Северна Кореја
Објавено во: Свет 12 Мај, 2022
Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун се појави со заштитна медицинска маска во
јавноста, откако оваа земја го пријави првиот случај на корона вирусот.
Ова е првпат од почетокот на пандемијата севернокорејските власти официјално да го потврдат присуството на Ковид-19.
Пјонгјанг веднаш воведе карантин низ целата земја, во обид да го контролира вирусот што циркулира низ светот повеќе од две години.
Ким Јонг Ун нареди да се мобилизира сета медицинска опрема за итни случаи.
ФОТО: YouTube/Euronews