(Фотогалерија) ИСТОРИЈА: ВЕЛИГДЕН без верници, молитва и за здравјето на заболените
Објавено во: Македонија 19 Април, 2020 02:35
Поминуваме низ еден период кој од нас бара послушност и воздржување. Појавата на корона – вирусот во светот, а воедно и во нашава земја, нè натера да внимаваме и на нашето и на здравјето на нашите ближни. Затоа, да се придржуваме по советите и мерките изречени од надлежните институции, и сите заедно да придонесеме да се намали и спречи ширењето на заразата. На нашите верници им советуваме да истраат и да не се вознемируваат затоа што не можат да присуствуваат бројно на светите богослужби во храмовите, и им препорачуваме да се молат во своите домови и срца, за Бог да нè избави од оваа опасна болест. Да се молиме и за медицинските лица, полицијата и војската кои напорно се грижат за заболените и за редот во државата. Да се молиме за заболените да оздрават, како и за спасение на душите на оние кои не ја добија битката со болеста. Да се молиме Бог да ни ги прости нашите гревови и да нè помилува, зашто самоБог ни е прибежиште и сила, и докажан помошник во неволја, рече поглаварот ма Македонската православна црква Г.Г. Стефан.
Тој вечерва ја водеше Велигденската богослужба во Соборниот храм Св. Климент Охридски во Скопје како и секоја година - овојпат испишувајќи историја - без присуство на верници во храмот.

Македонија и светот се пред голем предизвик, а ова празнување на Велигден е историско.
Освен свештениците и фоторепортерите верници во храмот немаше.












Можеби ќе ве интересира
Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план
МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците
Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет
Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето
Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?
Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски




