ФОТО: Загреб го стресе експлозија – повредена е жена
Објавено во: Балкан 31 Август, 2016
Во Загреб утрово по 7 часот непознато лице активирало рачна бомба, при што едно лице е повредено.
Настанот се случил во Султанската улица во хрватската престолина.
Од експлозијата жена се здобила со полесни повреди, а повеќе возила се оштетени.
ТВ станицата Н1, пофикувајќи се на неофицијални информации, јави дека бомбата ја активирала жена, која е повредена и префрлена во болница.
На лице место се врши увид.