Неодамна актерот Џим Кери го продаде својот дом во Малибу. Куќата е со површина 266 квадратни метри и има 5 спални и исто толку бањи. Кери ја пушти својата куќа на продажба уште во 2011 година за поприлично висока цена, но откако не успеа да најде купувач мораше да го намали износот.
Актерот нема снимено филм од 2009 година, па се претпоставува дека одлуката да го продаде својот втор дом е доста паметна, од финансиска гледна точка. Во домот има неколку камини и француски прозорци кои гледаат кон океанот.Има голема тераса со поглед на плажа и кујна на дворот.
Првичната цена беше 18 милиони долари, но по 2 години на пазарот, куќата падна на 13,4 милиони долари.
Еве како изгледа овој објект:
КАРАКАМИШЕВА РАСПАЛИ ЗА ОСМАНИ: Знае ли човеков дека Венецијанската комисија е експертско тело за уставни прашања, а не чајџилница во која му се поклонуваат и му ракоплескаат?