03 Мај, 2024
0.0262

ФОТО: Вистинскиот „Гангнам“ во Сеул, Јужна Кореја

Објавено во: Стил 23 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Гангнам е всушност најлуксузниот кварт во главниот град на Јужна Кореја. Познат е како „Беверли Хилс на Сеул", а неговите улици се преполни со дизајнерски бутици, модерни барови и ресторани. Повеќето луѓе во светот не беа слушнале за Гангнам до пред неколку месеци, но песната на Корејскиот изведувач PSY "Гангнам стајл" го направи квартот светски познат. Ова е најбогатиот регион во Јужна Кореја. Областа е со големина на половина Менхетен и е позната по луксузот. Квартот претставува само 2.5% од населението во Сеул, но произведува 25% од бруто домашниот производ на градот. Просечната цена на стан во Гангнам е 716 000 долари (износ за кој обично јужнокорејскo домаќинство ќе работи 18 години). Покрај исклучително богатата палета на секакви ресторани кои нудат европска и јапонска храна, брза храна, брендирани продавници, Гангнам е познат и како регионот со најмногу пластични хирурзи на метар квадратен - знак за глобализацијата и стремежот кон совршен изглед на западното општество. Развојот на Гангнам како “интелигентна заедница" започнува во 1995 година со стартување на проектот за "е-влада" меѓу првите во светот. Во 1997 година регионот веќе има локална мрежа и целосно поврзани владините институции со јавните објекти каде што може да се извршат плаќањата на даноци и придонеси. До 1999 година системот е толку усовршен што можел да ги обработува сите регистрации, лиценци и други апликации на граѓаните по електронски пат. Сепак и покрај посебноста на квартот, малкумина знаеја за неговото постоење се до моментот кога од Јужна Кореја излезе првиот супер успешен музички производ за извоз. До овој момент видеото на „PSY“ го имаат видено над 500 милиони корисници на „Youtube“. Во прилог, една кратка ФОТО прошетка низ Гангнам.[gallery link="file" orderby="post_date"]