06 Мај, 2024
0.0273

(ФОТО) ВЕ ПОВИКУВААТ ДА ГИ ПОСЕТИТЕ: Како изгледа зимата во различни градови ширум светот?!

Објавено во: Стил, Галерија 03 Декември, 2016

Добивај вести на Viber

Многу луѓе во светот ја чекаат зимата со нетрпение, особено оние кои живеат во најтоплите места и немаат можност да уживаат во снегот и во убавите глетки кои тој ги создава. 

Погледнете неколку града кои се најпосетуваните места за посета од туристи оваа сезона, поради настаните и расположението, што тие ги создаваат.

Милано, Италија

Милано е централно место во зима, бидејќи градот е домаќин на неколку настани. 

Ширакава, Јапонија

Архитектурата на куќите во Ширакава е една од причините зимата да изгледа толку убава. Селцето е дел од културното наследство на УНЕСКО.

Санкт Петербург, Русија

На овој град не му е потребна одредена сезона, за да биде убава. Санкт Петербург е дом на голем број на културни богатства. Во зима тој стекнува посебна убавина и изобилува со настани.

Харбин, Кина

Харбин е еден од најстудените градови во зима, нарекуван уште градот мраз . Тој е дом на фестивал на мразни скулптури, кој е најголем во светот.

Кицбуел, Австрија

Овој град е познат по својот ски туризам. Областа околу градот е алпски рај во зима. Тој е идеален за обожаватели на ски.

Национален парк Јосемити, САД

Едно од најпознатите бајковите места во зима е Националниот парк Јосемити. Тоа е идеално место за прошетки по снег и скијање.

Алказар де Сеговиа, Шпанија

Во централниот дел на Шпанија зимата е исклучително убава. Замокот Alcazar de Segovia низ годините бил затвор, тврдина и кралски дворец. Тој е инспирација за замокот на Пепелашка во анимацијата на Волт Дизни.

Минхен, Германија

Едно од најпријатните места каде може да ја почуствувате зимата е Минхен. Традициите се присутни во целиот град, а божиќните украси создаваат одлично расположение на гостите.

Салцбург, Австрија

Овој град блеска во зима со барокна архитектура. Освен дека е родното место на Моцарт, местото е влез кон Алпите за зимски спортови.

Блед, Словенија

Одејќи во словенечкиот град Блед нема како да а да не поминете преку леденото езеро. Во средината на езерото се издига еден остров, на кој се наоѓа древна црква од 17 век. Во неа може да уживате во многу готски слики.