03 Мај, 2024
0.0279

ФОТО: Спорт за богати и луксуз во природа – ова се најскапите терени во светот!

Објавено во: Стил 16 Јуни, 2013

Добивај вести на Viber

Голфот е еден од омилените спортови на богатите. Затоа и не е чудно дека една игра во најдобрите комплекси чини прескапо. Еден круг во ресортот, кој е на последно место листата подоле, чини речиси 300 долари. Видете кои се 10-те најскапи  (за игра) голф терени во светот: 10. The Barton Creek Foothill and Canyon Golf Club - Тексас, САД - 298 долари на човек за круг. Теренот е украсен со водопади, мали пештери и зеленило. Теренот е на број 5 во рангирањето на Golfweek Magazine на најдобрите терени во САД. 9. Whistling Straits - Висконсин, САД - 300 долари по лице за 1 круг.  Тука има две игралишта. Едното „Straits Course“ е по брегот на езерото Мичиген. Во него не може да се влезе со автомобил. Другото - е на тежок терен.  Често има многу ветер, што е предизвик за играчите. 8. Kingsbarns Golf Links - Сент Андроз, Шкотска - 300 долари по лице за 1 круг. Неодамна е реновирано, но тука има игралиште и од 1793 година. Ако не сте задоволни од услугите на вашиот помошник, ви ќе ви ги вратат парите. 7. The Spyglass Hill Golf Course - Калифорнија, САД - 315 долари по лице за 1 круг. Отворено е во 1966 година. Се смета за еден од најтешките терени во светот. 6. The Ocean Course - Јужна Каролина, САД - 320 долари по лице за 1 круг. Се наоѓа на островот Кауа.  Намерно е направено на начин што ветрот ја отежнува играта. Додека играте, можете да уживате во прекрасен поглед кон Атлантикот. Тука се одржувале многу престижни турнири . 5. TPC Sawgrass - Флорида, САД - 350 долари по лице за 1 круг. Се наоѓа во Џексонвил. Цената е солена, но имаат промоции за јуни, кога цените се до 135 - 170 долари. 4. The Pinehurst Course Number 2 - Северна Каролина, САД - 375 долари по лице за 1 круг. Тука има 8 уникатни игралишта. Имаати промотивни пакет кој вклучува голф со сместување во хотел. 3. Old Head Golf Links - Оринџ Корк,  400 долари по лице за 1 круг. Тука има со 5 ѕвездички ресторан и прекрасни пјсажи со тежок терен. 2. Pebble Beach Golf Links - Калифорнија, САД - 475 долари по лице за 1 круг . Познато е како едно од најубавите игралишта со прекрасен поглед на Тихиот Океан. Цената е 475 долари и тоа само за гости на хотелот. 1. Shadow Creek Golf Course - Невада, САД - 500 долари по лице за 1 круг наоѓа во Лас Вегас. Има 18 дупки и е во сопственост на казино магнатот Стив Вин. Теренот беше отворен во 1989 година. Над 20 илјади дрвја го кријат од љубопитните очи. Се смета дека неговата изградба чинеше меѓу 60 и 100 милиони долари. За 500 долари добивате право на еден круг, плус превоз со лимузина до теренот и назад, како и личен помошник.