05 Мај, 2024
0.0260

(ФОТО) СЈО ГИ СПАКУВА КУТИИТЕ СО ПРЕДМЕТИ: Ќе стигнат на адреса во Кривичен суд

Објавено во: Македонија, Галерија 29 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Неколку кутии за едно обвинение. Ваква глетка затекнаа новинарските екипи пред да започне прес конференцијата на Катица Јанева и тимот специјални обвинители.

Специјалните јавни обвинители ги стокмија обвиненијата кои во кутија ќе ги пратат на адреса на Кривичен суд а тој откако ќе ги прими предметите има рок од 24 часа да се изјасни по нив. 


На ден пред да истече рокот СЈО најави 17 нови обвиненија во кои вкупно се обвинети 94 лица, а Катица порача дека СЈО ќе продолжи со работа до истекот на мандатот и помнатаму ќе се договараат со институциите како ќе работат и уште еднаш повика на укинување на членот во законот со кој е ограничен рокот на обвинителството за покренување обвиненија.

Според Јанева, случаите „Таргет“ и „Тврдина“ се споени во едно обвинение, а само за „Талир“ и „Табла“ СЈО нема да поднесе обвинение. Истрагата за „Талир“, околу незаконското финансирање на ВМРО-ДПМНЕ, како што рече Јанева беше покрената пред еден месец, што е краток период за таа да биде завршена.

„Некој што водел незаконска кампања во изминатите 8 години не може за еден месец да се истражат сите дејствија кои треба да се стават на товар на обвинетите“, рече таа.

Нема обвинение ни за предметот „Табла“ во кој е осомничен директор на основното училиште „Реџо Рушиќ“ од Зајас, бидејќи без јавна набавка склучил договор за изградба на објект за 200 илјади евра. Според Јанева за случајот е проширена истрагата и во неа се вклучени високи функционери при што СЈО ќе продолжи да работи на „Табла“.

Обвинителката посочи дека ќе се бара притвор за дел од обвинетите, меѓу кои е и претседател на политичка партија. 

Можеби ќе ве интересира

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник