13 Мај, 2024
0.0242

ФОТО: Се продаде најтесниот стан во Њујорк за 3,25 милиони долари

Објавено во: Стил 16 Август, 2013

Добивај вести на Viber

Продадено е најтесно живеалиште во Њујорк за цена од 3,25 милиони долари, јави „The New York Post“. Историскиот имот - познат под името „The Millay House„ се наоѓа на „Bedford Street“, а се продаваше повеќе од две години на пазарот. Широчината на имотот надвор е само 2.92 метри. Внатре тој е широк 2.56 метри.Имотот е изграден во 1873 година и имаше познати сопственици, меѓу кои децата на авторката Ана Макговарн, како и добитничкаѕа на наградата „Пулицер“,  Една Милеј. Иако станот се протега на површина од само 92 квадратни метри, располага со три спални, две купатила, кујна и четири камини. Така, врз основа на продажната цена, за квадратен метар од станот биле платени 353 000 долари.