18 Декември, 2025
0.3483

(ФОТО) Одржана свечена церемонија на дипломирање за студентите од регионот

Објавено во: Мои пари 25 Ноември, 2018 14:31

Добивај вести на Viber


На Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, СИТИ Колеџ во Солун вчера се одржа специјалната церемонија на дипломирање, а дел од овој свечен чин беа и бројни македонски студенти кои своето образование го комплетираа на Меѓународниот факултет во текот на изминатите четири академскигодини.

Специјалната прослава за дипломираните студенти, која ја следи истата академска поворка како и церемониите на Универзитетот Шефилд во Велика Британија инаку е искажување почит и уважување на трудот за стекнување престижно образование пред академската јавност од универзитетот.

Учењето во Солун, дипломата и искуството ми помогнаа за се понатаму што ми се случуваше во животот, и во професионалната кариера и на приватен план. Пријателите ми се од тука, а со познанствата што ги оствари, дојдов до момент сега да можам да предавам неколку модули во одделот за Компјутерски науки на Факултетот. Квалитетот на студиите и тежината на дипломата не се мери со ништо друго што ми беше во близина дома, а и во целиот регион”, изјави Иво Нешковиќ од Скопје, дипломец и кандидат за докторски студии.

За Јанко Дракуловски, дипломец од МБА програмата, основна цел му била да го надгради софтверското знаење кое што го има стекнато со менаџерски вештини, за да може успешно да го води својот бизнис.

„Наставата на овој факултет е многу попрактична и се среќаваме со професори кои покрај академското имаат и реално искуство,. Според анализите, Универзитетот Шефилд котира доста високо,а тоа што нашата држава обезбедува стипендии, како и близината на Солу,н се трите причини за мојот избор”, вели Дракуловски.

Сите студенти кои завршиле додипломски, магистерски и докторски студии на Меѓународниот факултет беа претставени на Ректорот и Заменик Канцелар на Универзитетот Шефилд, професор Гил Валентин, а од страна на потпретседателот за образование на Универзитетот, професор Вин Морган им беа доделени нивните дипломи.

Денес е прекрасен ден, прослава, вистински знак за успех за студентите кои се тука,  денес се означува крајот на нивните студии и изборот каде ќе одат понатаму, треба да го славиме она што го направиле, нивните достигнувања, и нивните понатамошни успеси како дипломци на Универзитетот Шефилд и на Меѓународниот факултет, Сити колеџ, од Солун, потенцираше Морган.

На церемонијатабеа доделени и почесните дипломи за посебни достигнувања на г-дин Јанис Бутарис, градоначалникот на Солуни г-ѓа Викторија Хислоп, реномиран автор.


Освен пријателите и семејствата на дипломираните студенти, на церемонијата беа присутни и претставници на властите и разни организации од Грција и од соседните земји, како и истакнати личности од академската јавност, бизнисот и политиката, кои го испочитуваа овој специјален настан со нивното присуство.

Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, СИТИ Колеџ

Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, СИТИ Колеџ повеќе од две децении ги реализира програмите на Универзитетот Шефилд во Солун, Грција и на други локации низ регионот на Југоисточна Европа и Кавказ, давајќи им можност на студентите и професионалците да студираат за диплома од Универзитетот Шефилд во нивната земја. Денес, Извршната МБА програма е достапна во Солун, Софија, Букурешт, Белград, Киев, Ереван, Тбилиси и Баку, додека во Софија и Букурешт се нудат серија магистерски програми и низа програми за додипломски студии. Дипломата се доделува на студентите кои ги завршиле студиите на од Универзитетот Шефилд, којшто е рангиран меѓу 1% од најдобрите универзитети во светот (на 75 место во светот ина 22 место во Европа според Светска листа за рангирање на универзитети, QS за 2019 година).


Можеби ќе ве интересира

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“

КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“

Како да купуваме паметно во пресрет на новогодишните празници

Како да купуваме паметно во пресрет на новогодишните празници

Во dm има голем избор на мирисни ноти: Која ќе доминира оваа зима? Ова се нашите топ 5!

Во dm има голем избор на мирисни ноти: Која ќе доминира оваа зима? Ова се нашите топ 5!

Како да откриеш која кредитна картичка одговара на твојот животен стил?

Како да откриеш која кредитна картичка одговара на твојот животен стил?