02 Јуни, 2024
0.0291

(ФОТО) „Облечен во ново руво“: Агрофуд 2015 најавува есен со вкусна македонска зимница и органска храна

Објавено во: Мои пари, Македонија 01 Октомври, 2015

Добивај вести на Viber

Еден од најпопуларните месеци за подготвување домашна зимница, октомври, започнува во знакот на Меѓународниот саем за широка потрошувачка, Агрофуд 2015. Токму од денеска, па сè до недела, (од 1-ви до 4-ти октомври) македонските граѓани кои немаат слободно време поради модерниот начин на живот за да ја подготват традиционалната македонска зимница, а сакаат во зимските месеци да си отворат некоја тегла ајвар или кисели краставички, тогаш нека дојдат на Скопски саем. Освен квалитетната традиционална зимница и нејзиниот продажен аспект, новитет се органските производи кои што се одгледани по најстрогите законски стандарди од исклучиво македонски производители.

IMG_1015

„Секоја година се трудиме да понудиме што повеќе новитети на Меѓународниот саем за широка потрошувачка Агрофуд. Оваа година продажниот аспект на саемот е гаранцијата дека секое семејство ќе има моќност лесно да се снабди со вкусна и квалитетна зимница од исклучиво природни состојки. На „Агрофуд 2015“ меѓу многуте изложувачи ќе имате можност да ги посетите и штандовите за македонска зимница и традиционални производи на ДИЕМ-ГП, Best Food, Млекара Ѓорѓиев Бонум, Ука Комерц, Минерална вода Суна итн. Меѓу неколкуте новитети би ја споменале и органската храна како и промовирањето на  македонските органски производители. Потоа, тука е и одржувањето на МАКЕДОНСКО–УНГАРСКИТЕ БИЗНИС СРЕДБИ за време на саемот. Целта е остварување на директни контакти со компаниите од Унгарија со креирање на можности за воспоставување на конкретна деловна соработка и зголемување на продажбата на македонските производи, изјавија од Скопски саем.

IMG_1168

Органските производи кои ќе бидат презентирани исклучиво од македонските органски производители се големиот новитет оваа година на „Агрофуд 2015“.

IMG_1052

Во Македонија расте потрошувачката за здрава храна, а со тоа расте и производството и преработката на органски производи. Сите граѓани  од 1-ви до 4-ти октомври, ќе имаат можност на штандот на IME (Програма за зголемување на пазарната вработливост на Швајцарската Агенција за развој и соработка имплементирана од  Swisscontact), која ги помага македонските производи на органски производители, да се запознаат со органските производи. Исто така, сите македонски фармери имаат отворени можности да се информираат за тоа како да станат производители на органски производи.

IMG_1126

На отворањето на „Агрофуд 2015“ говореа и Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Михаил Цветков, амбасадорот на Унгарија, Јожев Бенце, амбасадор на Швајцарија, Стефано Лацарото.

IMG_0999

На изложбено-продажните штандови освен прехранбените производи како храна, пијалаци и стоки за широка потрошувачка можат да се разгледаат и набават најразновидни и најнови машини и опрема за амбалажирање и внатрешен транспорт.

IMG_1027

„Афрофуд 2015“ е „облечен“ во ново руво, а преку поблизок и помодерен пристап има за цел да ја најави есента со најдоброто од Македонија. Влезот за сите граѓани е бесплатен.

IMG_1143

Можеби ќе ве интересира

ИНВЕНСИС ЈА ПРЕТСТАВИ ТЕХНОЛОГИЈАТА ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ И ЗЕЛЕНИ РЕШЕНИЈА ВО КЛИМАТИЗАЦИЈАТА

ИНВЕНСИС ЈА ПРЕТСТАВИ ТЕХНОЛОГИЈАТА ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ И ЗЕЛЕНИ РЕШЕНИЈА ВО КЛИМАТИЗАЦИЈАТА

Семеен ден на Макстил со децата поддржани од СОС Детско село

Семеен ден на Макстил со децата поддржани од СОС Детско село

Бимилк Денот на млекото го одбележа со продолжување на стратешкото партнерство со СОС Детско село

Бимилк Денот на млекото го одбележа со продолжување на стратешкото партнерство со СОС Детско село

Новите MINI автомобили се уште постилски, дигитални и харизматично едноставни

Новите MINI автомобили се уште постилски, дигитални и харизматично едноставни

Ananas слави една година во Македонија со голема роденденска кампања

Ananas слави една година во Македонија со голема роденденска кампања

ВАЖНО ЗА СИТЕ СЕГАШНИ И ПОРАНЕШНИ СТУДЕНТИ НА ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ-СКОПЈЕ: Поврзете се преку Алумни асоцијацијата, таа нуди бројни придобивки

ВАЖНО ЗА СИТЕ СЕГАШНИ И ПОРАНЕШНИ СТУДЕНТИ НА ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ-СКОПЈЕ: Поврзете се преку Алумни асоцијацијата, таа нуди бројни придобивки

Проектот „Порта Европа“ ќе продолжи да живее преку книгите и читателите

Проектот „Порта Европа“ ќе продолжи да живее преку книгите и читателите

Вистинска инспирација за новата генерација на втората конференција „Чувари на мудроста“

Вистинска инспирација за новата генерација на втората конференција „Чувари на мудроста“

Следете го UEFA EUROTM 2024 на светскиот број еден Hisense телевизор од 100 инчи

Следете го UEFA EUROTM 2024 на светскиот број еден Hisense телевизор од 100 инчи