13 Мај, 2024
0.0244

ФОТО: Најубавите банкноти на светот

Објавено во: Стил 13 Август, 2013

Добивај вести на Viber

Според изборот на Комисијата за естетика на Меѓународната банка на Швајцарија, украинската гривна по втор пат е прогласена за најубава банкнота на светот. Истата титула на украинската банкнота и беше доделена пред три години, со највисоки оценки, не само за естетскиот изглед, туку и за квалитетот на изработка, бидејќи најмалку се оштетува при употребата.

Гривната е официјална валута на Украина од 1996 година, кога го замени тогашниот карбованец. Името и доаѓа од поимот „сребрен ѓердан“, а за прв пат ја вовел киевскиот кнез Владимир Велики, откако во 988 година го прогласил христијанството за службена религија во Киевска Русија.

Интересно е тоа што бугарскиот лев го превзема местото на доларот според убавината и влезе во „валутниот џет-сет“.

Ова се останатите банкноти кои се наоѓаат меѓу првите пет:

Австралиски долар

Евро

Бугарски лев

 

Американски долар