(ФОТО) МОСТОТ УНИШТЕН, А СЕЛОТО ПОДЕЛЕНО НА ТРИ ДЕЛА: Мештани и туристи се отсечени во делови од Црна Гора
Објавено во: Балкан 07 Октомври, 2024 17:38
Штети од поплавите има и во Црна Гора. Поплави ја погодија и оваа балканска држава, поради што туристи и мештани се отсечени.
Југослав Јакиќ, претседателот на општина Шавник, на својот Фејсбук профил објави фотографии и видео со објаснување дека излеаните реки направиле големи штети.
„Поради огромното количество врнежи се излеаја реките Комарница и Грабовица, што предизвика огромни штети во селото Комарница и на територијата на паркот на природата Драгишница и Комарница. Сите надлежни екипи се на терен и ја следат состојбата и им пружаат помош на жителите“, објасни Јакиќ.Во петокот реката Комарница однела два моста во селото, помошни објекти, го променила текот, го поплавила езерцето, имотите, а околу четириесетина мештани и туристи се отсечени во горниот дел на селото. Вториот мост е скоро уништен, па селото било поделено на три дела.
Невреме деновиве ги зафати повеќето држави од регионот. Босна помина најлошо и таму има над 20 жртви, како и голема материјална штета. Најлоша е состојбата во Јабланица.

Можеби ќе ве интересира
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




