13 Мај, 2024
0.0242

ФОТО: Лејди Гага ги покажа своите „атрибути“

Објавено во: Стил 15 Август, 2013

Добивај вести на Viber

Лејди Гага одлучила да го промовира новиот албум ARTPOP, демонстрирајќи - голотија. Пејачката се доверила на фотографското дуо Инес и Винуд кои веќе направија промо снимка на албумот и првиот сингл Applause. На нив Гага е гола, како и во новиот број на списанието V, каде фотосесијата повторно е дело на тандемот.

Провокативната ѕвезда направи ново рекламно видео со името "Lady Gaga Is Over: A Film by Haus of Gaga". Во него таа упати порака: "Лејди Гага веќе не е важна. Не го купувајте нејзиниот нов сингл од iTunes".

Ова е уште еден маркетиншки трик со кој ќе испровоцира интерес кон песните на албумот.